0.8 C
Скопје
14 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Лидерите на ВРЕДИ на средба кај Курти

Лидерите на коалицијата Вреди (ВЛЕН), во саботата престојувале во Приштина за да се сретнат со премиерот на Косово и лидер на Самоопределување, Албин Курти.

“Разговаравме за важни прашања за Албанците во Северна Македонија, но и за меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија и други важни прашања. Руското и српското влијание и натаму ги загрижува партиите, што се јавува и преку коруптивни и криминални мрежи”, објави на својот профил на Фејсбук, Билал Касами, лидер на БЕСА и дел од коалицијата ВРЕДИ. .

“Развојот на инфраструктурата што ги поврзува населението на нашите земји беше една од главните теми на разговор, заедно со идеи и проекти за заживување на економската, културната и образовната соработка”, вели Касами.

Средбата, според него, се одвивала во духот на срдечната соработка, имајќи предвид дека “Албанците на Балканот се неоспорен фактор за поддршка на демократизацијата, европските интеграции, мирот и безбедноста и евроатлантската стабилност”.

Плодна средба со премиерот на Република Косово, г-дин Албин Курти, во Приштина, напиша на својот фејсбук профил Арбен Таравари, кој се гледа како неформален лидер на коалицијата ВРЕДИ.

“Заедно со другите лидери на коалицијата ВЛЕН и премиерот Курти, изразивме подготвеност да продолжиме и дополнително да ја продлабочиме нашата вредна соработка. За нас останува загрижувачко руското и српското влијание кое се јавува преку корумпирани и криминални мрежи. Наш приоритет ќе биде економската соработка меѓу нашите земји и завршувањето на инфраструктурните проекти што ги поврзуваат нашите земји што е можно побрзо”, напиша Таравари.

Исто како и Касами, и Таравари со оценка: “Ние како Албанци сме важна сила која промовира регионален мир, стабилност и соработка.”

Инаку, ВРЕДИ како опозициска коалиција на етничките Албанци во Северна Македонија беше формирана со посредство на Курти, што поттикна дебата за негово мешање во внатрешните работи на земјата.

Во составот на пратениците кои ги усвои ВРЕДИ, само еден припаѓа на Самоопределување. Станува збор за Беким Ќоку од Охрид, кој е и советник на косовскиот премиер Курти за Северна Македонија.

Оваа коалиција води преговори со ВМРО-ДПМНЕ за влез во владата, која произлезе од парламентарните избори одржани на 8 мај.

Related posts

Алармот на ДУИ индицира дека „планот на Заев“ не е мртов?

admin

ВАРХЕЈИ – СОФИЈА И СКОПЈЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ТЕНЗИИТЕ, ОДГОВОРНИТЕ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ДА СЕ СООЧАТ СО ПРАВДАТА

ninja

Експлозија во близина на полициска станица во северно Косово

admin

Касами и Гаши кројат опозициски фронт, сакаат да ја урнат владата

admin

Уште неизбрано, новото раководство на СДСМ го чека „ѓаволски тешка“ работа

admin

МЕДВЕДЕВ: РУСИЈА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ДОКОЛКУ ЗАГУБИ ВО УКРАИНА

ninja