15.8 C
Скопје
25 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити за АЛФА: Четворица пратеници на „Европскиот фронт“ може да преминат во ВРЕДИ

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ преговараат со четири пратеници од коалицијата на ДУИ, да преминат на нивна страна, открива за Алфа првиот човек на Демократско движење, Изет Меџити. Трансферот би требало да се случи уште пред формирањето на новата Влада, а потоа според него, можно и други пратеници од Европскиот фронт да се приклучат кон новата власт.

„Има информации дека четворица други од Европскиот фронт веќе преговараат, некои со нас, некои со другата коалиција, така да може да паднат и на 13, пред формирање на Владата. По формирање на Владата може да се преполови бројката пак во Европскиот фронт, бидејќи тие не се идеолошки поврзани, немаат ништо заедничко“, изјави Меџити.

Можноста за преминување на пратеници од Европскиот фронт на другата страна е и повеќе од логична, бидејќи од 19-те пратеници кои засега ги има коалицијата на ДУИ, дури девет се од други партии.

Договорот за формирање Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ е се поблиску. Меџити вели дека во моментов се договораат темелните вредности на кои ќе работи новата Влада, а за поделбата на ресорите ќе се зборува подоцна.

„И коалицијата „Влен“ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, во принцип ги делат истите вредности, истите принципи за новата Влада, борба против корупцијата, враќање на правната држава. Фокусот ќе биде на економскиот развој и животниот на граѓаните“, изјави Меџити.

Коалицијата „Вреди“ сега ретерира – нема да инстира на уставни измени по секоја цена како што најавуваше пред изборите. Изет Меџити вели дека ќе се внимава на чувствата на Македонците и ќе се бараат гаранции од Европската Унија за сигурна интеграција на Македонија.

„Измените зависат првично од поголемата заедница, т.е. од Македонците во оваа држава. Ние во ниеден случај не сакаме да се чувствуваат загрозени, оставени сами на себе. Напротив, сакаме заедно да најдеме заеднички пат кон интеграција, која што е единствена аспирација за сите граѓани на државата“, изјави Меџити.

Во моментов коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 58, а „Вреди“ има 13. Бројките може да се зголемат за два пратеника со прегласувањето но и за уште најмалку 4 со евентуалното преминување од коалициите предводени од ДУИ но и СДСМ.

Related posts

Нередовно читање на струјомерите – повисоки сметки

ninja

МАКЕДОНСКОТО МНР ЈА ОТФРЛИ БУГАРСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА

ninja

Таравари: Ќе се борам до последниот атом за опстанокот на коалицијата ВЛЕН

admin

Во Собранието одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

admin

Јован Костадинов, херојот од Кочани, се врати дома по спасувањето на 21 живот

admin

Предлозите за уставни измени без обединет фронт на власта и опозицијата

ninja