16.8 C
Скопје
23 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Џафери: Спроведовме европски избори, работев во интерес на граѓаните

Техничкиот премиер дециден дека сè што ветил исполнил а дали ќе оди во опозиција нагласи дека зависи од разговорите меѓу партиите

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека може со „чист образ и мирна совест“ да каже дека ги исполнил сите обврски и ветувања во изминатите 100 дена откако стапи на функцијата. На денешната прес-конференција по повод 100 дена техничка Влада кажа дека клучната задача – спроведувањето на изборите во двата изборни круга било направено по европски стандарди и во мирни, фер и демократски услови.

„Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на претседателските и парламентарни избори. Ова е обврска доверена согласно Уставот и законите и јас како премиер и Владата доследно ја исполнивме. Потврда на моите зборови се и честитките и изразите на почит на нашите европски партнери. Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец е уште еден придонес во демократијата“, рече Џафери.

Од идната Влада очекува да го следи трасираниот европски пат.

„Токму вака, на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Северна Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство во динамичен процес до 2030 година.-Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет“, изјави Џафери.

Тој останува во кабинетот на Илинденска број 2 се до формирањето на новата Влада. Дали ќе оди во опозиција не даде прецизен одговор.

„Се зависи од разговорите меѓу партиите“, дециден беше Џафери и нагласи дека информациите за бојкот на претседателските избори се шпекулација бидејќи тој самиот зел две гласачки ливчиња на изборите одржани во средата. /VOA

Related posts

Арачиново меѓу приоритетите и публицитетите

admin

КУРТИ ЗА ЗСО: СРБИЈА САКА КАФЕ БЕЗ ФИЛЏАН

ninja

МИЈАЛКОВ НА ЧЕКОР ДА СЕ СПАСИ И ОД СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК 2“

ninja

ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО КУРТИ ВО БРИСЕЛ – ИМАВМЕ ТЕЖОК СОСТАНОК

ninja

КОЛЕРА И ДРУГИ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ-ЗАКАНА ЗА ОБЛАСТИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ТУРСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

ninja

Србија е Запад, Хил: Се согласувам

admin