32.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Една четвртина од Собранието на апанажа

На вкупно 29 поранешни пратеници, до сега, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Тие испратиле барање до Собранието за да го искористат своето законско право да добиваат една година плата од државата, иако веќе не извршуваат функција. Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски информираше дека се поднесени и други барања кои се разгледуваат, јави РСЕ.

Законскиот рок за поднесување на барање за апанажа истекува на 28 јуни, односно 30 дена по верификација на мандатите на новите пратеници.

Според законот, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието. По завршувањето на пратеничкиот мандат од минатиот собраниски состав такво законско право може да искористат вкупно 57 пратеници.

Најниската плата на пратеник во македонското собрание изнесува 74 илјади денари, додека највисоката е за координаторите на пратеничките групи и претседателите на работните собраниски тела и комисии, која достигнува и над 140 илјади денари без при тоа да се вметне и додатокот што го добиваат за работен стаж и патните трошоци.

На дневен ред на првата седница на оваа Комисија е и разгледување на барањето од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата, е наведено на собраниската веб-страница.

Related posts

Вечерата на кралот Чарлс од 500.000 евра предизвика дупка во буџетот на Франција

admin

CNN: Наградната игра на Маск – нелегална, личи на поткуп

admin

САД спрема санкции против владата на Косово

admin

Мицкоски на средба со новиот претседател на Советот на ЕУ

admin

Терористички напад во Белград, осомничен е конвертитот Милош Жујовиќ

admin

ДУИ реагира на изјавата на премиерот Мицкоски

admin