22.5 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: Фронтот и ДУИ полека се растураат!

Фронтот каде ДУИ е лидер веќе ја изгуби довербата. Некои од нивните пратеници веќе се колебаат, некој разговара со ВЛЕН, некој со ВМРО-ДПМНЕ и тоа создава некаква неизвесност кај Фронтот, изјави Арбен Таравари, еден од лидерите на албанската коалиција „ВЛЕН“ и министер за здравство во емисијата „На време“ на телевизија Коха.

Тој рече Фронтот и ДУИ полека „се уриваат“.

„Сега кога немаат како да го мотивираат своето членство. Пред да се формира влада велеа дека влада не се формира и имало црвен телефон. Да, владата е формирана. Пред тоа велеа дека ВЛЕН не го добива претседателот на Собранието, сега го имаме претседателот на Собранието. Додека ние преговаравме за владата тие постојано се враќаа во канцелариите на Собранието, а овде сакам да ја споменам канцеларијата 161 каде некои пратеници на Фронтот инсистираа да влезат во владата со само четворица министри и без претседател на парламент. Сега велат дека оваа влада ќе трае три-шест месеци, по Нова година ќе кажат дека оваа влада ќе трае до локалните избори и дека ќе победат на локалните избори и ќе станат дел од власта. Тоа се легитимни начини да го мотивираат своето членство, но мислам дека еден од пратениците на Фронтот, на ДУИ, кога и официјално ќе си замине, многу брзо ќе се направи тотално распуштање на Фронтот“, изјави Таравари.

Тој рече дека очекувал дебата во Собранието на ДУИ при изборот на новата влада, но според него, дебатирале само двајца.

„Садула Дураку и Блерим Беџети беа повеќе смешни отколку рационални. Но, во секој случај, пратеничката група на ДУИ е послаба од кога било досега“, потенцира Таравари.

Таравари рече дека „ВЛЕН“ во моментов има многу повеќе позиции во владата од ДУИ во 2006, 2008, 2011 и 2016 година.

Related posts

Само 52% од компаниите имаат веб-страница, а над 94% користат компјутер!

admin

Пратеничката на ВЛЕН ѝ одговори на критиките на Таравари со видео од 2021

admin

Таравари жестоко удри по Села: ‘Голем фајтер, но секогаш губи’

admin

ЗАКОНИ СО ЈАВНОСТ ИЛИ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ? Пренџов бара широка дебата за обвинителскиот совет

admin

„Тукидидова стапица“: зборовите на Си што го натераа Трамп да експлодира на социјалните мрежи

admin

Шекеринска – првата жена од Западен Балкан на висока функција во НАТО

admin