-0.2 C
Скопје
14 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Агелер: Судски совет треба да ги казнува оние кои мислат дека се над законот

Судскиот совет е важно оружје коешто е потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Северна Македонија, во една институција што им служи на своите граѓани, што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, јави РСЕ.

Агелер во своето обраќање посочи дека Судскиот совет треба да ги следи препораките на Оценската мисија, бидејќи како што рече, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска.

„Извештајот од Оценската мисија на ЕУ е еден вреден патоказ за реструктурирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството. Судскиот совет е едно важно оружје во арсеналот оружје што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството на Северна Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот. Затоа што денес, како што амбасадорот Коп живописно го опиша, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска“, истакна Агелер.

Американската амбасадорка додаде дека Судскиот совет треба да го следи законот и да даде отпор на политичките притисоци, затоа што, како што вели, Северна Македонија има добро изработени закони, како и искусни обвинители и судии.

„Северна Македонија има добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката е јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспорентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнаме да стигнете уште понапред на својот пат“, рече Агелер.

Oценската мисија на ЕУ во декември минатата година го достави Извештајот за функционирањето на Судски совет со 40 краткорочни и среднорочни препораки за подобрување на неговото функционирање.

Препораките, како што информираа тогаш од Делагацијата на Европската унија се групирани во шест сегменти – структура и компетентност на самиот Судски совет, мандатот на неговите членови, процесот на селекција и изборот на судии, дисциплинските постапки, прашањето на транспарентност и комуникација со јавноста и ресурси и финансирање.

Related posts

Деветти антикризен пакет: Мерките како „сламка за спас“ за најранливите, а причина за контрирање на партиите

admin

Трансфер на Кумановската група од Диво Насеље во Косово нема засега – потврди Министерството за правда

admin

Мицкоски му одговори на Ахмети: Ние не играме фудбалчиња

admin

БУЏЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗА И ЗАБРЗУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК

admin

КУРТИ ЗА ЗСО: СРБИЈА САКА КАФЕ БЕЗ ФИЛЏАН

ninja

Кочо Анѓушев стaвен во црната листа на САД

admin