8.8 C
Скопје
27 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити вели дека владата наскоро ќе брои над 80 пратеници

Првиот вицепремиер Изет Меџити вели дека новата влада наскоро ќе брои над 80 пратеници во Собранието, пренесува ТВ21. 

„Има потези и за други пратеници, наскоро ќе има над 80 пратеници, така што првпат ќе има 2/3 од мнозинството во Собранието“, рече Меџити, без да даде дополнителни информации.

Запрашан за уставните измени, Меџити рече дека најдобрата форма се бара заедно со партнерите во Владата и стратешките партнери на РСМ.

„Што се однесува до уставните измени, секојдневно сме во комуникација со нашите стратешки партнери. Пратениците Албанци немаат дилема за ова – ако утре бидеме повикани, подготвени сме за уставни измени. Но работиме заедно со партнерите и во владата, а и со стратешките партнери за да се најде најдобрата форма“, рече Меџити.

Related posts

Доаѓа ли војната на територијата на Русија?

admin

Светот реагира заа судирот меѓу Зеленски и Трамп во Овалната канцеларија

admin

ЕУ: СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

ninja

Познавачи коментираат: Претседател избран во Собрание би имал помалку ингеренции

admin

Нема план „Б“ ако амнестијата заглави во Собранието

admin

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

ninja