31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

ЕУ и префрли на Украина 1,5 милијарди евра од замрзнатите руски средства

Европската Унија испрати 1,5 милијарди евра помош за Украина, финансирана од приходите од руските средства замрзнати во ЕУ, кои ќе бидат потрошени за одбрана и реконструкција, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 26 јули на социјалната мрежа X.

„Денес префрламе 1,5 милијарди евра приход од имобилизираните руски средства за одбрана и обнова на Украина. Нема подобра симболика или употреба за парите на Кремљ од тоа да ги направиме Украина и цела Европа побезбедно место за живеење“, напиша Фон дер Лајен.

Премиерот на Украина Денис Шмихал го поздрави првиот трансфер на ЕУ.

„Ова е значаен придонес за одбраната и обновата на Украина“, напиша тој на платформата X.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија „внимателно ќе размисли како да одговори“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ги одобрија исплатите на крајот на јуни.

Помошта се финансира од приходи од средства како камата, но не и од основните средства, кои остануваат замрзнати. Деведесет отсто од парите ќе бидат за воена помош, додека десет отсто ќе одат директно во Украина како финансиска помош, пишува Ројтерс.

Руски средства во вредност од околу 260 милијарди евра, како што се резервите на Централната банка, се замрзнати како дел од санкциите воведени кон Русија поради војната во Украина.

Парите сега ќе бидат ставени на располагање за поддршка на воените капацитети на Украина и помош на земјата да се опорави од штетата предизвикана од руските напади.

Најголем дел од руските резерви, главно акции и други видови хартии од вредност во коишто инвестира Руската централна банка, се чуваат во депозитар со седиште во Брисел наречен Еуроклиар. Кога овие средства ќе ги достигнат последните денови на исплата, тие се претвораат во готовина.

На самитот во Италија во јуни, лидерите на групата седум (Г7) се согласија да ги искористат каматите од руските средства замрзнати на Запад за да обезбедат заем од 50 милијарди долари за Украина./RSE

Related posts

Ирански напади се шират низ Блискиот Исток, погоден товарен брод во близина на Дубаи

admin

САД се повлекуваат од Европа? Нови изјави на Трамп

admin

МИЈАЛКОВ НА ЧЕКОР ДА СЕ СПАСИ И ОД СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК 2“

ninja

Два ифтари, два премиери: Рама во Тирана, Мицкоски во Скопје

admin

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РАСТАТ – ИНТЕРЕСОТ СТАГНИРА

ninja

Обвинителство поднесе обвинение за Феникс, за спомениците од Скопје 2014

admin