5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Африм Гаши не чувствува одговорност за серијата инциденти – опозицијата во вторник ќе бара негова оставка

Африм Гаши се одважи да се појави пред новинарите, речиси еден месец откако почна серијата скандали поврзани со него и извршувањето на функцијата претседател на парламентот – од скандалозната постапка на собраниското обезбедување кое по негова наредба, а без законска основа, се најде на скопскиот аеродром да ја решава ситуацијата со косовската претседателка, до неговото приватно патување на Косово со службени возила. Претседателот на собранието понуди објаснувања и во ниту едно од нив тој не гледа сопствена одговорност.

„Според закони и уредби јас како претседател морам секдае да се движам со службено возило. Не би сакал да е така, сите сакаме да имаме барем малку приватен живот. Јас воопшто го немам и за жал и во овој случај морав и на приватен настан да отпатувам со службено возило“, рече Гаши.

„Од морален аспект, јас лично и обезбедувањето во Собранието на аеродоромот избегнавме инцидент којшто можеше да има поголеми последици. Се радувам дека се заврши како што треба. Тие луѓе кои ги пречекориле своите овластувања, МВР ќе постапи како што е законот“, додаде Гаши.

Постапката за негова политичка одговорност е во тек. Опозицијата поднесе интерпелација за работата на Гаши поради „воведување непринципиелни политики во Собранието“. Барањето се темели на 7 точки, а една е и инцидентот на аеродромот. Идниот вторник Собранието ќе дебатира за интерпелацијата. Гаши, јавно не манифестира вознемиреност.

„Се што е во рамки на Деловникот и во рамки на демократичноста во Собранието, го почитувам, било тоа да се однесува на институцијата претседател на Собранието или на било кого. Ќе бидеме отворени кон секоја иницијатива, ќе го почитуваме Деловникот и се надевам дека на 3 септември ќе има соочување на аргументи и потоа пленумот ќе одлучи. Како ќе одлучат тие, така ќе постапиме. Верувам дека мнозинството ќе ја донесе најправедната одлука. Таа каква и да биде, ќе ја почитувам“, вели Гаши.

Гаши е комотен зашто мнозинството во парламентот е на негова страна. Треба да се види како ќе постапи третиот партнер во коалицијата – Знам на Максим Димитриевски кој изнесе сериозни забелешки за досегашното работење на спикерот.

СДСМ прашува зошто владејачката ВМРО-ДПМНЕ го штити Гаши.

„Се случи скандал со минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола. Нема одговорност за началникот на граничниот премин, ниту за Тошковски кој го поставил. Нема одговорност ни за Претседателот на Собранието Африм Гаши, Мицкоски вели работел подобро од претходниот. Со смешни аргументи се обидува да го заштити по секоја цена а ветуваше дека секој политичар кој ќе ја злоупотреби функцијата ќе одговара. Мицкоски да се одважи и да побара промена на Гаши. На скопскиот аеродром се случи огромен инцидент во кој меѓу другото обезбедувњето на Гаши нападна полицаец, се закануваше со пиштол. Повторно, Мицкоски го штити Гаши, нема одговорност“, вели Богданка Кузеска од СДСМ.

Повеќе од извесно е дека Африм Гаши нема да „падне“ зашто и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“, од каде доаѓа собранискиот спикер, кажаа дека немаат намера да го дадат Гаши и покрај серијата инциденти кои предизвикаа реакции во јавноста, но и донесоа негативни поени за владејачкото мнозинство. /Глас на Америка

Related posts

СУДСКИ СОВЕТ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА РАБОТАТА НА АПЕЛАЦИЈА ЗА ЧЕТИРИ ПРЕДМЕТИ

ninja

Уапсени тројца активисти: Граѓаните кои протестираат против ископ на литиум се собираат во паркот Пионирски

admin

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

ninja

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари

admin

Врие од непотизам и корупција во јавниот сектор: Пренатрупана, а неефикасна администрација

admin

Митревски: СДСМ е за ЕУ, членство до 2030 година

admin