33.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски Фокус: ДУИ ја загрозува интеретничката слика и претставува закана по мирот и стабилноста!

“Суштината е да се одбрани капиталот стекнат во овие 22 години на политичка сцена и 20 години власт. Но, не ја исклучувам можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани, несвесно. И сега тие групи и структури може да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како влада тоа да го браниме и да се одбраниме”, вели премиерот Христијан Мицкоски во најновото издание на „Фокус“.

Мицкоски се осврнува и на иницијативата на ДУИ за озаконување на принципот „победник со победник“ и за територијална реорганизација на државата.

“Со ова неодговорно однесување, ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. И, ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки како влада, за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава”, вели  тој.

Но, според Мицкоски, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато во изминативе 20 години на власт. “И тоа е факт, затоа што демократијата подразбира тој што има мнозинство во парламент да има и влада”.

“Ниту на Балканот, ниту на Европа ѝ е потребен уште еден конфликт. Состојбата со Косово гледаме како се развива, Босна и Херцеговина, да не зборувам за војната во Украина…”, истакнува Мицкоски.

Тој не ја исклучува можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани, несвесно.

“И сега тие групи и структури може да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како влада тоа да го браниме и да се одбраниме”, подвлекува Мицкоски.

Тој вели дека има информации дека ДУИ подготвува улични сценарија, протести…

“Јас говорам за протести. Сѐ додека се демократски и мирни, тие се легитимни. Ако преминат во насилни, тогаш, повторно ќе кажам, како влада имаме право да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на државата”, изјавува Мицкоски.

Запрашан што лично мисли за принципот или правилото „победник со победник“, бидејќи неговото непочитување во 2016/2017 година го остави и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Мицкоски со одговор: “Начинот на кој функционира демократијата, не оди заедно со „победник со победник“, зашто во политиката не може малку со едните, малку со другите. Ние имаме дијаметрално различни платформи. Не може 7 години да бидете во влада со СДСМ и да речете – тоа веќе не важи и сега ќе одам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа така не може!”

 

Вие сте го избрале вашиот коалициски партнер и врз основа на програма сте функционирале, без разлика каква била таа. Таа била владина програма, таа влада е поразена, делегитимирана и тука завршува целокупниот процес.

 

ДУИ со коалицијата и СДСМ заедно освоија помалку од 300 илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија близу 450 илјади гласови, а заедно со ВЛЕН и ЗНАМ повеќе од 600 илјади.

 

Јасна е волјата на народот. Во таква нова политичка реалност, во име на парламентарната демократија, поразените треба да одат во опозиција, а победникот ја создава структурата на идната влада.

Related posts

Што ја мотивира „премиерата“ на Али Ахмети?

admin

Софија: Бугарија нема дополнителни услови за Македонија, вели шефот на дипломатијата Георгиев

admin

Масовен руски напад со ракети и дронови врз Украина: Жртви и огромни штети

admin

Меџити: Случајот Груби за политиката е затворен

admin

Путин го започнува својот петти претседателски мандат, со поголема контрола врз Русија од кога било

admin

УЧЕСТВОТО НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ

admin