0.8 C
Скопје
18 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска и Вучиќ го одбележаа 2 Август во „Прохор Пчински“

Илинден е уште една допирна точка на која треба да го засноваме натамошното поврзување на нашите две земји, порача српскиот претседател, Александар Вучиќ

 

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот српски колега Александар Вучиќ заедно го одбележаа 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде што во 1944 година се одржа Првото заседание на АСНОМ.

Сиљановска-Давкова положи цвеќе пред спомен плочата на АСНОМ во манастирот и заедно со Вучиќ запалија свеќи во црквата на манастирскиот комплекс.

„Местото за нас има огромно историско значење, од аспект на македонската државотворност. Почит за асномците кои дадоа придонес и жртва за формирање на слободната македонска држава. Благодарност за српскиот претседател Александар Вучиќ за гостопримството“, порача Сиљановска-Давкова.

„Извонредни односи и соработка“

По билатералната средба со Вучиќ, таа оцени дека односите меѓу државите се извонредни и невообичаено скандинавски на Балканот. Двајцата претседатели изразија задоволство од досегашните односи и уверување дека ќе продолжат да се развиваат.

„Инспиративен е амбиентот, инспиративна беше духовната храна денеска и уште еднаш благодарност и за разбирањето бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму каде што се случил. Такви денови и Србија има, споменици и мислам дека истото треба да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор, тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример“, рече претседателката.

Српскиот претседател рече дека и посакал добредојде на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во манастирот, кој според него е најдоброто место за оваа средба, бидејќи „ја симболизира врската меѓу Србија и Северна Македонија, вкоренета во заедничката традиција и предизвикувачките историски околности кои ги обликувале идентитетите на нашите народи“.

„Токму Илинден е уште една допирна точка на која треба да го засноваме натамошното поврзување на нашите две земји“, вели Вучиќ. Тој е убеден дека Србија и Северна Македонија ќе ги развиваат уште повеќе меѓусебните односи, дека ќе ги градат внимателно односите со меѓусебна почит и дека ќе работат на конкретни проекти.

„Како претседател на Србија изразив волја ние да ја градиме пругата до Прешово, а вие 190 километри од Табановце до Гевгелија за да овозможиме побрзо доаѓање до Солун со брза пруга и мислам дека тоа би било од огромно значење за двете страни“, рече Вучиќ. /DW

Related posts

Ќе се сретнат ли Блинкен и Лавров во Скопје?

admin

Работниците бараат повисоки плати, владата нуди минимални корекции

admin

Столтенберг: Не се разговара за влез на Украина во НАТО

admin

Законските измени во образованието ќе ја уназадат борбата против дискриминација

admin

ЕУ ќе препорачува отворање на преговори со Босна и Херцеговина

admin

ГРУБИ СЕ СРЕТНА СО НОВИОТ ЧЕШКИ АМБАСАДОР: РУСКАТА АГРЕСИЈА ВРЗ УКРАИНА Е ОПАСНОСТ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА

admin