19.5 C
Скопје
25 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИИНТЕРВЈУНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

Пожарите ја чинат државата многу пари и економските последици се огромни, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во интервју за РСЕ, тој говори за моменталното функционирање на системот за управување со кризи, најавата за негова реформа, а одговори од Ангелов побаравме за тоа како и зошто НИКС – командниот систем за следење на пожари поддржан од НАТО не профункционира никогаш и каде завршила добиената опрема.

Господине Ангелов, на директорската позиција седнавте во ноември 2020 година. Веќе четврта година по ред го менаџирате процесот во земјава за гаснење на пожарите. Каква поука извлековме како држава од досегашните искуства?

Со една реченица, потребна е итна трансформација на целиот систем за управување со кризи вклучително и на системот за гаснење на пожари како составен дел на целиот систем за управување со кризи.

Овој проблем се проблекува години наназад веќе 4 години сте на функцијата. Зошто и досега не се иницираше?

Во водењето на оваа институција имав одврзани раце од претходната влада, немав мешање во мојата работа и јас ги носев одлуките при менаџирањето на кризните состојби имав одврзани раце. Но, не ми беше дадена можноста да направам трансформација или коренити реформи на системот за управување со кризи. На претходниот премиер, односно премиерот пред претходниот, Зоран Заев му презентирав дека системот не е каков што треба да биде. Имав разговарано и со поранешниот претседател Стево Пендаровски на оваа тема. И двајцата беа согласни дека системот за управување со кризи треба да доживее длабоки реформи. Притоа се иницираше седница на советот на безбедност. Проблемот беше издигнат на највисоко ниво, веднаш по пожарите во 2021 година. На таа седница на советот на безбедност, беше донесен заклучок да се препорача на владата да се формира работна група која ќе понуди нов концепт на системот за управување со кризи. Неколку дена подоцна, владата донесе заклучок да се формира работна група која требаше да ја предводам јас, која ќе понуди нов модел.

Целото интервју е достапно ТУКА

Related posts

РСЕ: ЕУ бара Охридскиот договор да се вклучи во преговарачката рамка за Србија

admin

Нема план „Б“ ако амнестијата заглави во Собранието

admin

Македонија заостанува во сајбер безбедноста, Владата најавува законски промени

admin

Терористички напад во Белград, осомничен е конвертитот Милош Жујовиќ

admin

Мерц: 2026 може да биде „година на нови почетоци“ за Германија

admin

Пендаровски одби помилување за Јанева, Кочан и Панчевски

admin