10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Ердоган со ултиматум до Рама: Расчистете со ФЕТО

Амбасадорот на Турција го коментираше од Корча телефонскиот разговор меѓу премиерот Еди Рама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Амбасадорот Тајар Каган Атај за новинарите изјави дека разговорот меѓу двајцата лидери бил дел од тековните разговори.

„Зборуваа за многу области, разговараа и за меѓународните односи”.

Амбасадорот напомена и дека во разговорот меѓу Рама и Ердоган се повторило постојаното барање за расчистување на организацијата ФЕТО во Албанија.

„…Посебно во областа на образованието и религијата, а тоа беше допрено и вчера во телефонскиот разговор”.

Атај додаде дека самиот премиер Рама треба да биде прашан за одговорот што го добил турскиот претседател.

„Во врска со организацијата ФЕТО, треба да го прашате премиерот Еди Рама како одговори на телефонскиот повик, но можам да кажам дека делот на чистењето на ФЕТО од Албанија не е само прашање на Турција, тоа е прашање и на албанската држава. Tие се опасни. Ова чистење не треба да се прави само за Турција, туку и за посигурна иднина на вашата земја“.

Сепак, турскиот амбасадор истакна дека ФЕТО нема да биде пречка за партнерството меѓу двете земји.

Related posts

Зошто инфлацијата во Западен Балкан е повисока отколку во ЕУ и САД?

ninja

КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА НА 4 ФЕВРУАРИ?

ninja

Пет министри од ЕУ бараат данок на „екстра профит“ во енергетиката поради кризата

admin

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

ninja

РСМ со најниска минимална плата во регионот

admin

Берлинскиот процес го става организираниот криминал во фокус: пристаништата и транспортните коридори меѓу слабите точки

admin