24.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: Зошто на Али Ахмети му трепнаа окото кога го спомна зборот „Ветинг“?

“Зошто на Али Ахмети му трепна окото кога го спомна зборот „Ветинг“?”, напиша лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој заедно со ВЛЕН е дел од владината коалиција. 

Ова е одговорот на Таравари за претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, кој во интервју во телевизијата Клан, зборувајќи за владеењето на правото и селективната правда, порача дека е неопходен ветинг.

На прашањето за случувањата поврзани со специјалното обвинителство, Ахмети потсети на ставот на ДУИ за витетинг.

„Нашата земја има сериозна потреба од ветинг за политичари, министри, пратеници, градоначалници, судии, обвинители и сите. ДУИ е единствената партија што побара да се испита од обвинителството. Јас сам во тоа време сум побарал од Катица Јанева затоа што се соочуваме со клевети секој ден. Затоа ние бараме владеење на правото преку ветингот“, рече Ахмети.

На прашањето за ставовите на опозицијата против договорот од Преспа и Законот за јазик, Али Ахмети истакна дека овие ставови се дневна политика за моментални потреби. „Секој треба да знае дека нема враќање од јазичната еднаквост, промената на името и добрососедството. Во пролет ова година, Европа е многу заинтересирана Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување во ЕУ во март“, рече Ахмети.

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски одговори дека тој сметал оти со заминувањето на ДУИ во опозиција ваков тип на хумор и сатира завршиле.

“Јас мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор заврши, но тие еве продолжуваат и понатаму. Во ред е, еве ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија”, рече Мицкоски.

Related posts

Границата меѓу државата и партијата „тенка“ во изборите

admin

Мицкоски: Оставките на ДУИ не ги сфаќам сериозно, уставни измени нема да има

admin

САД-Кина: Трговскиот конфликт ризикува да прерасне во финансиска војна

admin

Лудилото околу четботот на кинескиот DeepSeek го потресе светот

admin

И да има зголемување на партиципацијата за студирање, нема да биде на грбот на студентите

admin

СДСМ во Приштина, ЕСП во Вашингтон

admin