27.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВИДЕО Вулгарни пцовки во расправија меѓу пратеници на Левица и ВМРО-ДПМНЕ

Вулгарни навреди за членови на семејството денеска беа слушнати во Собранието, во расправија меѓу пратениците на опозициската партија Левица и оние од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Инбокс7.

Инцидентот се случи кога пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, од собраниската говорница му упати едно од пратеничките прашања на премиерот Христијан Мицкоски, иако во писмото испратено до претседателот на Собранието претходно најавил дека ќе поставува прашања само до министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Прашањето упатено до премиерот беше: „Со што поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, ја заслужила поддршката на Владата и на претседателката на државата за да биде назначена на висока позиција во НАТО?“

По Исмаил, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, од собраниската говорница упати процедурална забелешка, обвинувајќи дека пратениците од Левица ја злоупотребуваат можноста за поставување пратенички прашања од опозицијата, кои се разликуваат од редовните пратенички прашања.

„Врз основа на писмата испратени од опозициските пратеници, претседателот на Собранието составил список кој покажува кој пратеник на кого ќе поставува прашање. Гледаме дека ова се злоупотребува, бидејќи пратеничката група на Левица побара колегата Реџеп Исмаил да постави прашање на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски,“ рече Мицевски.

Пратеникот Димитар Апасиев од место добфрли дека станува збор за техничка грешка.

Мицевски возврати: „Во ред, ако е техничка грешка. Но, е чудно како во вакви документи правите основни технички грешки, а се претставувате како голем правник. Добро е што премиерот е тука и ќе одговори на ова прашање, иако морам да констатирам дека уште на првата седница се обидувате да ја заобиколите процедурата.“

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврди дека во писмото испратено до него било наведено дека пратеникот Реџеп Исмаил ќе поставува прашања до министерот за надворешни работи, но повика на толеранција. Тој истакна дека овој тип на седница се одржува за првпат и поради укажувањата на Левица дека станува збор за техничка грешка, ќе се дозволи прашањето да му биде поставено на премиерот Мицкоски.

Следеа процедурални излагања од координаторот на Левица, Борислав Крмов, и од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кои ги толкуваа одредбите од Деловникот поврзани со овој нов тип седници за пратенички прашања.

Ситуацијата ескалираше кога пратеникот Апасиев почна да се вмешува од место, упатувајќи навреди и закани со гестикулации кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Со повишен тон побара да не се споменува неговото семејство.

 

Related posts

Лондонскиот самит го оживеа Берлинскиот процес, но ги откри поделбите околу миграцијата

admin

Двајца професионални војници заболеле од шуга, Министерството за одбрана негира ширење во касарната

admin

Македонија го предложи тричлениот список за судија во Европскиот суд за човекови права

admin

ЗЕЛЕНСКИ ВО КОНГРЕСОТ: „ЌЕ ПОБЕДИМЕ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ“

ninja

АХМЕТИ ОПТИМИСТ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ПОМЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА

ninja

Засега, повеќе странски од домашни набљудувачи за изборите

admin