13.8 C
Скопје
26 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај во СПАК: Под истрага за корупција и злоупотреба на функции

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, утрово се појави во Специјалното обвинителство за борба против корупција (СПАК).

Се дознава дека Велиај е повикан како сведок од страна на специјалните обвинители и повеќе од 5 часа се наоѓа во просториите на СПАК.

Во меѓувреме, пред две недели, истражителите од Националното биро за истраги (BKH) го запленија мобилниот телефон на Ајола Џоџа, сопругата на Велиај. Но, една преседанска ситуација се случи во дворот на СПАК, каде што вработени од Инспекторатот за територијално уредување (IKMT), Општинската полиција, како и поддржувачи на Социјалистичката партија на Тирана, регрутирани од Велиај, се собраа во поддршка на нивниот градоначалник. Овој собир се толкува како обид за притисок врз случувањата во просториите на СПАК, бидејќи постои можност Велиај да биде третиран и како обвинет.

Членката на Националниот совет на опозициската Демократската партија, Ендира Бушати, истакна дека граѓаните се запознаени со непобитни факти кои ниту владејачката партија, ниту Владата не можат да ги негираат.

„Имаме доказ за инсенераторот кој не постои. Го имаме и случајот со компанијата ‘5D’ која ќе влезе во светската литература за корупција, иако го надминува дури и дефинирањето на овој термин како ‘корупција’. Да бидеш директор во општина и да создадеш компанија за да добиваш тендери од институцијата каде што работиш, го зачудува целиот демократски свет,“ изјави Бушати.

Related posts

ЕКСТРА ДАНОКОТ ЗА ЕДНИ СПАС ОД КРИЗАТА, ЗА ДРУГИ ГЛАВОБОЛКА

ninja

Уставниот суд тежи 2 милиони евра, Татјана Васиќ-Бозаџиева 10 пати побогата од Фатмир Скендер

admin

РСМ со најниска минимална плата во регионот

admin

Доналд Трамп до американските граѓани: Ова ќе биде златно доба за Америка

admin

АзА: Мицкоски го рехабилитира и амнестира криминалот

admin

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПОТРОШУВАЧИ КАКО ПОМОШЕН ЛЕК ЗА КРИЗНОТО ПРОФИТЕРСТВО И НЕЧЕСНИТЕ ТРГОВЦИ?

ninja