0.8 C
Скопје
18 јануари, 2025
Inbox7.mk
СТАВ

За да ги разбереме настаните во Сирија мора да ја видиме улогата на Турција

За да ги разбереме настаните во Сирија мора да ја видиме улогата на Турција, а за тоа мора да се вратиме малку наназад

Пишува: Сеад Ризвановиќ

Иако гледаме дека единиците поддржани од Турција (SNA), оперираат источно од Алепо, јасно е дека дури и акциите од страна на останатите бунтовници (HTS и други) западно од Алепо се тивко прифатени од Анкара.

За да ги разбереме сегашните настани, треба да се вратиме во времето кога Турција направи договор со Русија и Иран, таканаречениот договор од Астана, кој во суштина беше поделба на Сирија на сфери на влијание и задржување на Асад на тронот, што само по себе веќе беше тешко да се прифати за Турција.

Но, соочена со ограничени избори, Турција се согласи, а нејзините сириски сојузници добија ветување дека ќе добијат дел од територијата. Сепак, ова ветување наскоро беше прекршено од Русија. Иранските и Асадовите сили, со помош на руското воздухопловство, зазедоа големи области околу Алепо и дури Идлиб. Претседателот Ердоган се чувствуваше предаден од Путин.

Иако не треба да бидеме изненадени што Путин не се придржува многу до договорите, ова беше ново искуство за претседателот Ердоган, кој малку порано прифати да го купи рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400, надевајќи се дека ќе задоволи некои од интересите на Русија. Тоа не испадна добро за Турција.

Покрај тоа, Русија се обиде да ја принуди Турција да ја прифати „новата реалност дека Асад ќе остане“. Русија, како и останатите големи сили сака да зборува за „нови реалности“, станува збор за „свршен чин“, а не за правила или договори.

Потоа дојде катастрофалната одлука на Путин да ја започне инвазијата на Украина. Русија ја започна верувајќи дека ќе биде кратка работа од 3 дена, но речиси три години подоцна, јасно е за сите дека обемот на погрешната проценка на Путин е огромен.

Авантуризмот на Русија во Украина се покажа како толку скап што Москва беше принудена да ги собере сите ресурси што може и да ги прераспредели во Украина и пограничните области. Дополнително, за да ги задржи снабдувањата од западот, Турција стана главниот политички и економски канал за Русија.

Преку ноќ, Турција се издигна и стана сериозен играч на Блискиот Исток и во регионот на Црното Море, нешто што не се видело од османлиските времиња. Зависноста на Русија од Турција значително се зголеми. Ако руските туристи сакаа да ја напуштат својата татковина, Турција стана дестинација број еден.

Ова е огромна промена во односите Анкара-Москва, во однос со 2015 година, кога Турција собори руски авион што го прекрши турскиот воздушен простор. Руските медиуми и официјални лица тогаш ја нарекуваа Турција со разни навреди и ја споредуваа со ИСИС. Русија целосно го промени тонот затоа што стана молителот во новата реалност.

Во 2024 година, тројното понижување од страна на Путин кон претседателот Ердоган во 2020 година не беше заборавено. Настаните во Украина, иранските авантури против Израел, како и деградацијата на Хезболах јасно ја сменија рамнотежата на моќта во регионот.

За разлика од некои арапски влади, Турција одолеа на сите обиди од Русија да го признае владеењето на Асад над Сирија, добро знаејќи ја слабоста на сојузот Русија-Иран-Хезболах кој постепено слабее. Сè што требаше да направи Анкара е да го чека вистинскиот момент.

И тој момент најверојатно пристигна пред неколку дена. Колективното групирање и нападот на неколку бунтовнички групи беше толку голем, што нема сомневање дека во неговата подготовка улога имаа турските разузнавачки служби и вооружени сили.

Секако, други компоненти исто така одиграа решавачка улога. Сириските бунтовници, како оние што се директно на фронтот, од прва рака ја видоа деградацијата на Хезболах во Либан и нивното повлекување од Сирија.

Бунтовничкиот блицкриг целосно ги разниша структурите на моќта во регионот. Ќе видиме очајнички напори од Иран и Русија да спасат она што може да се спаси. Но од синоќа гледаме и вклучување на американците во конфликтот со бомбардирање на иранските милиции западно од Алепо, што придонесува за забрзана динамика во деградацијата на моќтта на Асад, Русија и Иран.

Related posts

Иднината ни е во Европа. Но, има ли иднина ваква Европа.

admin

Отворен став до Рамадани и политичарите во Македонија!

admin

Мојот другар Тахир

admin

Нова влада во Софија – никакви промени за Република Северна Македонија

admin

Бугарија ја загуби битката за Македонија

admin

Мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен криминал

admin