14.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Падна германската влада

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц ја загуби довербата на мнозинството во парламентот, јави DW. Германија ја очекуваат предвремени парламентарни избори на 23 февруари следната година.

По нешто повеќе од три години на власт, германската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц го загуби мнозинството во парламентот. Германскиот Бундестаг во понеделникот и изгласа недоверба на владата која, покрај Социјалдемократите, ја сочинуваа и партиите на Зелените и Либералите. Само 207 од вкупно 733 пратеници во Бундестагот и изгласаа доверба на владата, додека 394 беа против.

Гласањето во долниот дом на германскиот парламент не беше изненадување, имајќи предвид дека владата го загуби мнозинството минатиот месец, откако Либералите ја напуштија владината коалиција.

Сега на потег е претседателот Франк Валтер Штајнмајер кој ќе го распушти парламентот и ќе распише вонредни парламентарните избори за 23 февруари следната година.

На гласањето во парламентот му предводеше жестока расправа меѓу лидерите на парламентарните партии и канцеларот Шолц.

„Ја имавте шансата“

Шолц пред пратениците тврдеше дека неговата влада постигнала голем напредок во последните три години, меѓудругото и со големи инвестиции во модернизацијата на вооружените сили. Притоа, Шолц најави и планови за големи инвестиции во одбраната, економијата и социјалната заштита.

Лидерот на најголемата опозициска партија, конзервативната ЦДУ, Фридрих Мерц му реплицираше на Шолц: „А што правеше во изминатите три години? Да не беше на друга планета?“

„Крајно време е да се инвестира силно и одлучно во Германија“, рече Шолц, предупредувајќи дека „масовно вооружена нуклеарна сила води војна во Европа на само два часа од тука“, алудирајќи на руската агресија во Украина.

Мерц му реплицираше на Шолц дека ја оставил земјата во „една од најголемите економски кризи во повоената ера.

„Ја имаше својата шанса, но не ја искористи… Вие, господине Шолц, не заслужувате доверба“, рече Мерц.

Related posts

САД и Русија предложија мировен план и поставија „основа за соработка“ 

admin

Двајца професионални војници заболеле од шуга, Министерството за одбрана негира ширење во касарната

admin

Србија купи кинески суперсонични ракети – регионот реагира, Загреб го алармира НАТО

admin

ЌЕ СПРЕЧАМ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА АКО СТАНАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, РЕЧЕ ТРАМП

ninja

Што се случува со оние на црната американска листа?

admin

Закани кон новинар и неговото дете: ЗНМ бара брза реакција од институциите

admin