21.9 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали Заев гради кула од 82 ката во Дубаи?

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, изнесе тешки обвинувања против екс-премиерот Зоран Заев, тврдејќи дека значителен дел од средствата за изградбата на нова кула од 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, потекнуваат од незаконски активности.

Според Груевски, овие пари биле обезбедени преку, како што вели, „масовен рекет и злоупотреба на власта“ за време на мандатот на Заев. Тој тврди дека парите биле пренесени во готовина со приватен авион во Дубаи и депонирани на банкарски сметки.

Дополнително, Груевски наведува дека Заев планира нова инвестиција во азиска земја, охрабрен од, како што тој вели, „решените прашања за негова неказнивост“.

Поранешниот премиер исто така го обвини Заев за корупција во повеќе сектори, вклучувајќи ја енергетиката, фармацијата за време на Ковид-кризата, како и за политички прогон на неистомислениците. Според Груевски, македонските граѓани нема да ги заборават, како што вели, „предавствата на националните интереси“ и ќе бараат одговорност за наводниот организиран криминал.

Засега, нема официјален одговор од релевантните институции во врска со овие обвинувања.

Заев, пак, ги демантира ваквите тврдења и за „Слободен печат“ изјави дека се целосна невистина.

Related posts

Отров и тешки метали предизвикаа помор на риби во Калиманско Езеро

admin

Ривалството меѓу Рама и Курти се прелева на македонски терен?

admin

ЕУ ѝ порача на Северна Македонија: Или План А, или нова блокада!

admin

Минималната плата ќе се зголеми на 26.046 денари, исплатата од март

admin

Пет партии се обединуваат во ВЛЕН – најавен нов политички блок кај Албанците

admin

Германија: Нападот врз КФОР не смее да остане неказнет

admin