35.8 C
Скопје
13 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Партија или завод за вработување – продолжува старата пракса и со новата влада

Вработените во Македонската филхармонија го очекуваат исходот од конкурсот за именување директор, откако пред речиси една недела протестираа пред Министерството за култура барајќи законски избор на ново раководство. На конкурсот се пријавени пет кандидати, но еден од нив е спорен за вработените, бидејќи неговото име било спомнувано како потенцијален директор уште пред официјалното распишување на огласот.

Како што јавува Радио Слободна Европа, станува збор за Мустафа Имери, кој во февруари 2024 година на прес-конференција обвини дека бил отпуштен од позицијата професор-тенор и раководител на Катедрата на албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ поради фотографија со тогашниот лидер на Демократско движење, Изет Меџити.

Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски, за Радио Слободна Европа изјави дека вработените не се мешаат во изборот, но бараат тој да биде спроведен според законските критериуми.

„Во минатото сме имале проблеми со различни министри и нивните одлуки. Борбата за транспарентност продолжува и денес“, изјави Лазаревски.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изјави дека одлуката за избор на директор може да има и политичка димензија.

„Директорите треба да ја споделуваат политиката на Министерството и Владата. Понекогаш, тоа значи дека одлуката може да биде и политичка“, изјави Љутков за Радио Слободна Европа.

На прашањето дали ваквиот пристап ја загрозува заслугата како критериум за избор, Љутков рече: „Ако кандидатите се врвни професионалци, но нивните програми се спротивни на политиките на Министерството, дали би било исправно да бидат избрани?“

Контроверзите околу изборот на директор на Филхармонијата се случуваат во поширок контекст на политички вработувања во јавната администрација. Министерот за животна средина, Изет Меџити, неодамна најави 3.000 нови вработувања на Албанци во јавниот сектор, што премиерот Христијан Мицкоски го отфрли како неприфатливо.

„Ќе има вработувања само врз основа на компетенции и реални потреби“, изјави Мицкоски.

Државната комисија за спречување на корупцијата предупреди дека вработувањата мора да се спроведуваат според мерит-системот и без политички влијанија.

„Секое партиско договарање за вработувања ја нарушува довербата во институциите и создава ризици од корупција“, се вели во соопштението на Комисијата.

Засега нема рок до кога треба да биде избран новиот директор на Филхармонијата. Конечната одлука останува во рацете на министерот Љутков.

Related posts

А1он: Двајца пратеници на СДСМ нема да ги гласаат уставните измени

admin

МАКЕДОНИЈА РИЗИЧНА ЗОНА ЗА НОВА ЕПИДЕМИЈА СО МОРБИЛИ

ninja

Илинденски пораки: Наместо поделби, обединување за општо добро

admin

Меџити: Коридорот 8 – решавачки чекор

admin

Полицијата ја презема контролата врз рускиот аеродром во Дагестан по антиизраелските протести

admin

Можно повлекување на американските трупи од Косово по потенцијален договор Путин-Трамп за Украина

admin