6.8 C
Скопје
14 февруари, 2025
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Покријте ги и зелените стрелки на семафорите

Пишува: Денко Малески

Англичаните рекле дека само закони кои доброволно се почитувани од 80 проценти од граѓаните се применливи. Имено, во таков случај, властите ќе најдат начин да се справат со оние 20 проценти кои не ги почитуваат. Но, ако само 20 проценти ги почитуваат а 80 проценти од граѓаните не ги почитуваат законите, тогаш нема кој да не спаси од нас самите.

Во поведението на луѓето е слабоста на нашите закони генерално, па оттаму и на законите и правилата во сообраќајот. Во моменти на тага по уште еден изгубен живот и гнев кон ужасните екцеси на неодговорни поединци, не треба да бегаме од вистина. Вистината дека малкумина ја почитуваат пропишаната брзина.

Обидете се да возите по „Партизанска“ со дозволените 50 км и ќе се уверите дека 80 проценти од возилата ќе ве претекнат. Иста е ситуацијата и на патиштата надвор од Скопје во однос на брзината и таблите покрај патот.

Колите се симболи на лична слобода и индивидуализам но она што не го разбираме доволно е дека втората страна на слободата е одговорноста. А ние, пак, слободата ја разбираме токму како слобода од одговорност.

Ригорозни казни и контрола е еден од начините да се справиме со непочитувањето на сообраќајните правила. Во ера на технички иновации камерите поставени на улици како „Партизанска“ можат деноноќно да ги регистрираат прекршителите. Сознанието за ваквата контрола ќе ги принуди возачите да се дисциплинираат.

Потребни се и некои мали но важни промени. На пример, да се отсрани еден сообраќаен знак кој е причина за секојдневни нервози, навреди, пцости и повреди.

Имено, нашите семафори треба да имаат само „СТОЈ“ и „ОДИ“и да се отсртанат стрелките кои покажуваат „зелено“ на лево или на десно и кои им пресекуваат пат на пешаците кои тргнале да преминуваат. Семафорот на крстосницата на „Рузвелтова“ и „Орце Николов“ кој има такви стрелки, на лево и на десно, овозможува во исто време да тргаат пешаци и колите кои им го сечат патот на пешачкиот премин. Покријте ги тие стрелки оти тие се наменети за народи кои знаат да даваат предност. Премалку го има такви кај нас – во животот па и во сообраќајот. /Libertas.mk

Related posts

Адвокатот на Брејвик

admin

Назабени национализми, чие второ име е – војна

admin

Што ќе донесе реализамот на Трамп на Балканот?

admin

Лустрација на мандат под санкции

admin

Промена на уставот: Не за шансите, туку за влогот

admin

Vielen Dank, Frau Angela Merkel!

admin