7.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Антивладини протести во Србија: 56 повредени, 22 уапсени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги отфрли обвинувањата дека специјалните единици „Кобри“ користеле звучен топ за време на вчерашните протести во Белград, тврдејќи дека станува збор за „срамни лаги“ и дека во прашање била антидрон пушка.

„Посебно сакам да истакнам дека обвинувањата за употреба на звучен топ се срамни. Она што се гледа на снимките е антидрон пушка, а не никакво средство за контрола на масата“, изјави Вучиќ во обраќањето до јавноста.

Тој додаде дека, и покрај „огромната негативна енергија и гнев“ за време на протестот, немало жртви ниту тешко повредени.

Според Вучиќ, 56 лица побарале медицинска помош – 44 во Ургентниот центар, 11 на Клиничко-болничкиот центар „Звездара“, и едно во болницата во Земун.

„Најтешко повредениот беше вклучен во меѓусебна тепачка меѓу демонстранти на Трг Никола Пашиќ. Иако формално неговите повреди се класифицирани како тешки, неговиот живот не е загрозен“, рече претседателот.

Вучиќ соопшти дека 22 лица се уапсени поради кривични дела против имотот, истакнувајќи ја улогата на полицијата во одржувањето на редот:

„Се гордеам на нашата полиција и безбедносни служби кои овие денови направија голема работа, осигурувајќи ја безбедноста на сите учесници. Не само што не користевме прекумерна сила – ние денес не кренавме ниту пендрек“, нагласи тој.

Протестите, организирани од студентски движења и опозициски групи, се одржаа пред српското Собрание и на плоштадот Славија, каде демонстрантите одржаа говори, запеаја химна и запалија бакли.

 

 

 

Related posts

Корупциски скандали и правосудни акции ја одбележаа јули

admin

Прослава од 50.000 евра, исчезната опрема и долгови: Што откри ревизијата во ИЈЗ

admin

Artemis II влезе во лунарен простор, астронаутите се подготвуваат за историски прелет зад Месечината

admin

Кариера во НАТО? УЈИЕ организираше интерактивна средба со експерти од Алијансата

admin

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

Скопје – Атина: Затишје пред бура

admin