18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВИДЕО | Кој се обидува да поттикне меѓуетнички тензии?

Двајца засега непознати сторители синоќа по полноќ запалиле огномети на главната улица во скопската населба Бутел, во близина на општинската зграда, по што избегале со мотоцикл, јавува весникот Коха.

Според локалните жители од оваа населба, постои сомневање дека огнометите биле запалени со намера вината да падне врз Албанците, со што би се создала перцепција во јавноста дека не сите сочувствуваат со трагедијата во Кочани.

„Самата фактичка состојба дека имаа капи на главите, дека се случи токму во близина на општинската зграда и на главната улица, без страв од полицијата, покажува дека некој сака меѓуетнички проблеми и да не претстави како луѓе кои немаат сочувство за трагедијата! Тоа се монструми кои сакаат да го одвлечат вниманието од трагичниот настан и да го претворат во етнички проблем“, изјавиле албанските жители на Бутел, кои ги цитира Коха, барајќи од полицијата брзо пронаоѓање на маскираните лица.

Од полицијата потврдиле дека е отворен случај и се работи на идентификација и апсење на двајцата сторители, пренесува Коха.

Видеото е достапно ТУКА

 

 

Related posts

Камерите се активни: колку казни се изречени

admin

Згреши ли Фрчкоски со воздржаниот глас во ОН?

admin

СДСМ алармира: 700 милиони евра долг за три месеци – државата оди кон бездна?

admin

Тепиќ: Вучиќ се насмевнуваше додека полицијата ги тепаше граѓаните во Нови Сад

admin

Реконструкцијата на Владата на Мицкоски – обид за нов почеток или прераспределба на политичката моќ?

admin

Швајцарија и САД се обврзаа да избегнуваат манипулации со валути

admin