12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Шукова: Македонија се гуши во отпад, владата размислува да увезува отпад

Додека Македонија се соочува со нерешени проблеми во управувањето со отпадот, дискусиите за увоз на отпад повторно го отвораат прашањето за приоритетите на властите во заштитата на животната средина, изјави потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

„Со зголемен број нерегулирани депонии, недостаток на општински системи за селекција и рециклирање, како и високи нивоа на загадување што директно влијаат на здравјето на населението, јасно е дека државата не успева да се справи ниту со сопствениот отпад,“ рече Шукова како одговор на новинарско прашање.

Според неа, реформите во инспекциските служби дополнително го ослабуваат системот за контрола, што го отвора прашањето дали бизнис-интересите се ставаат пред заштитата на животната средина.

„Не е важно дали се работи за отпад од т.н. зелена листа или дали се увезува како суровина – клучниот проблем е што немаме воспоставен ефикасен систем за управување со отпадот и соодветна контрола,“ додаде Шукова.

Таа повика владата и општините да преземат конкретни мерки за намалување на количеството отпад што завршува на депониите и да започнат со систематска селекција, која ќе обезбеди доволно материјали за рециклирање во рамки на земјата.

 

 

Related posts

Коњановски: НЕ на корумпираната влада на СДС и ДУИ

admin

Мицковски: Од државотворна СДСМ се претвори во измеќар на ДУИ

admin

Инфографика/ Колку порасте цената на електричната енергија во првите 6 месеци на 2022, во споредба со вторите 6 месециа на 2021?

admin

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА?

ninja

ОТКУПОТ ЗА САЈБЕР НАПАДОТ ВРЗ ФЗО НЕ БИЛ МИЛИОНСКИ

ninja

АКО ВО СОСЕДСТВОТО ВРИЕ, СЕ СЛЕДИ ИЛИ СЕ СПИЕ?

ninja