24.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Лидерите на ВЛЕН на ифтар со Курти – можност за зајакнување на коалицијата или последна заедничка вечера?

Лидерите на коалицијата ВЛЕН во петок навечер ќе престојуваат во Приштина, каде што се поканети на ифтар од косовскиот премиер Албин Курти, дознава ТВ21 од свои извори, пренесува Инбокс7.

На вечерата се очекува да присуствуваат Арбен Таравари, Изет Меџити, Билал Касами, Зеќирија Ибрахими, Беким Ќоку и Фатмир Лимани, додека останува неизвесно дали ќе присуствува и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Според извори од коалицијата, на средбата би можело да се разговара за зајакнување на соработката меѓу лидерите на ВЛЕН и создавање на „ВЛЕН 2.0“, пообединета структура со Таравари како претседател. Сепак, постои и можност ова да биде нивната последна заедничка вечера пред Конгресот на Алијансата за Албанците (АШ), каде што Таравари би можел да донесе одлука за идниот курс на партијата.

Несогласувања за изборната стратегија

Клучното прашање што создаде разлики во ВЛЕН е како коалицијата да настапи на претстојните локални избори. Таравари предложи АШ и другите партии да излезат со посебни листи за советници, со цел да мотивираат повеќе граѓани да се ангажираат во изборниот процес.

„Инсистирав да имаме посебни листи како АШ, но и другите партии, бидејќи така повеќе луѓе ќе бидат мотивирани да се вклучат во локалните избори. Сепак, сме во постојана комуникација и имаме коректни односи, па сум оптимист дека ќе најдеме заеднички јазик“, изјави Таравари.

Но, другите лидери во коалицијата имаат поинаков став.

Лидерот на Беса, Билал Касами, изјави дека Таравари не бара поделба на ВЛЕН, туку подобра изборна стратегија, но нагласи дека мнозинството во коалицијата е за заеднички настап на изборите, и за градоначалници и за советници.

„Разговорите продолжија во насока на тоа Алијансата да одлучи – дали ќе биде дел од коалицијата и за листите и за кандидатите, или ќе оди самостојно. Ставот на останатите во ВЛЕН е јасен: коалицијата треба да настапи обединето. Не може кандидатите за градоначалници да бидат заедно, а советничките листи одделно. Или ќе настапиме заедно, или одредена партија ќе треба да оди самостојно – во овој случај, ако АШ одлучи така“, рече Касами.

Договор за поделба на општините?

Во однос на кандидатите за градоначалници, Касами рече дека засега постои договор секоја партија да продолжи да раководи со општините каде што веќе има градоначалници. Според овој модел, Демократско движење би го добило Чаир, Беса – Тетово и Желино, додека Алијансата за Албанците – Гостивар.

Касами додаде дека постои начелна согласност и за урбаните општини, додека за останатите сè уште се дискутира. Како можни опции се разгледуваат: кандидатот да го предложи партијата со најголема поддршка во таа општина или да се спроведат анкети, по што ќе биде избран оној со најголема поддршка.

 

 

Related posts

Рикер го пофали Мицкоски: За краток временски период успеа да воспостави силни односи со САД

admin

Османи: Намерна маргинализација на Инспекторатот за употреба на јазиците

admin

Што би предавал Груби на ДУТ?

admin

Цената на нафтата се искачи на највисоко ниво, причина – Украина и Саудиска Арабија

admin

Бил Гејтс вели дека вештачката интелигенција ќе ги застари Amazon и Google Search

admin

Меџити: 400 нови пожарникари и 600 нови работни места предвидени со Оперативниот план 2025

admin