36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Истекува мерката за ограничување на маржи, политички препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

 

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за економски промашувања и високи цени, откако денеска истекува владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на повеќе од 1.000 основни и неопходни производи во трговијата на мало и големо. Мерката беше воведена пред верските празници како одговор на јавниот притисок поради растот на цените на храната.

Од најголемата владејачка партија велат дека критиките од страна на опозицијата се лицемерни, потсетувајќи на, како што тврдат, злоупотребите за време на нивното владеење.

„Кога СДСМ зборува за поскапувања, тоа е како пироман да држи лекција за гаснење на пожари“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Христијан Мицкоски обвинува дека додека граѓаните се соочувале со сиромаштија, функционери поврзани со поранешната влада „патувале на луксузни дестинации, купувале скапи авионски билети и трошеле државни средства за лични набавки“.

„СДСМ не е опозиција – тие се траума за граѓаните. Нивните критики се обид за рехабилитација на сопствената политичка мизерија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската СДСМ реагираа дека владините мерки се недоволни и дека не постои системско решение за справување со ценовните шокови.

„Наместо долгорочна стратегија, добивме маркетиншки трикови без реален ефект. Македонија има најниски плати во регионот, а цени кои се меѓу највисоките. Владата нема визија“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Мерката за ограничување на маржите, која го лимитираше профитот на 10 отсто за дел од основните прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна, престанува да важи денеска. Од Министерството за економија најавуваат анализа на состојбите на пазарот и потенцијални нови, построги мерки доколку се утврдат злоупотреби.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, изјави дека ефектите од мерката биле позитивни, со забавување на инфлацијата и намалување на цените на храната и пијалаците.

Мерката беше донесена по двојниот граѓански бојкот на маркетите поради растот на цените. Таа се темелеше на извештајот на Државниот пазарен инспекторат, според кој во трговијата на мало имало маржи од над 20% за основни прехранбени производи и над 30% за хигиенски средства, додека кај дистрибутерите и увозниците тие достигнувале и до 50%.

Related posts

Меркел повторно во фокусот: Портретот што ја разбуди германската носталгија

admin

Што договараат Ким и Си? Светот внимателно ја следи ретката посета на Пјонгјанг

admin

Политико открива: Трамп ги игнорирал предупредувањата за чувствителна технологија што може да стигне до Кина

admin

„Кај испари муабетот?“: Апасиев го прозва Мицкоски за изборните реформи

admin

Туристичка атракција или свет храм? Снимки од Маврово отворија жестока дебата

admin

Пендаровски: Не сум безгрешен, но мојата совест е мирна

admin