8.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Левица поднесе интерпелација против Тошковски поради трагедијата во Кочани

Пратеничката група на опозициската партија Левица поднесе интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за несоодветно и неодговорно извршување на функцијата, што, според партијата, резултирало со низа незаконски постапки и кадровски скандали во Министерството.

„Тошковски постапувал нестручно, непрофесионално и несериозно, со што се овозможиле бројни прекршувања, скандали и несоодветни кадровски решенија“, изјави пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција во Собранието. Тој посочи дека интерпелацијата се темели на десет основи, од кои пет се поврзани со трагедијата во Кочани.

Партијата обвинува за пропусти во надзорот на дискотеката „Пулс“, каде што загинаа повеќе лица во пожар. МВР, според Законот за угостителска дејност, има обврска да обезбеди надзор врз јавниот ред, бучавата, присуството на малолетници и точење алкохол, потсети Јанчев.

Меѓу дополнителните основи за интерпелација се наведуваат незаконска употреба на пиротехника, неукажување помош од полицијата за време на настанот, непреземање мерки против онлајн закани, забрана за користење дронови за време на протестите, апсење на граѓани кои чистеле црква, непостапување при палење на националното знаме, кражба на марихуана од полициски магацин, оддавање службена тајна од обезбедувањето на премиерот, како и, како што велат од Левица, катастрофална кадровска политика обележана со непотизам и кронизам.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги отфрли обвинувањата, изјавувајќи дека Министерството денеска функционира поинаку од претходно, а граѓаните можат сами да ја забележат разликата.

Тој информираше дека се поднесени кривични пријави против седуммина припадници на МВР поврзани со случајот во Кочани и најави можност за проширување на истрагата.

„Нема амнезија во истрагата. Амнезија имаше во минатото, кога за трагедии со 75 жртви не беше поднесена ниту една пријава“, рече Тошковски. Тој додаде дека досега се опфатени повеќе од 50 осомничени во истрагата за пожарот во Кочани и најави дека секој за кого ќе се утврди поврзаност со настанот ќе биде соодветно процесуиран.

„Нема да дозволам политичка злоупотреба на трагедијата. Работиме во интерес на граѓаните“, изјави Тошковски.

 

 

 

Related posts

Османи: Ако има државно вмешување во случувањата на северно Косово, С.Македонија ќе го преиспита своето учество во Отворен Балкан

admin

Италија испрати 40 одбиени баратели на азил во Албанија под новата шема за миграција

admin

Европскиот фронт гледа скандали, понижување и неуспеси во првите 100 дена на владата на Мицкоски

admin

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

admin

Пешевски од ССМ: Нема цена што ќе натера градежен работник да работи 60 часа неделно

admin

Косово: Производите од Северна Македонија ги заменуваат српските

admin