8.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити: Таравари се самоисклучи од ВРЕДИ, веќе има договор со ДУИ

Арбен Таравари не бил исклучен од коалицијата ВРЕДИ, туку самиот се повлекол преку своите постапки и тајни договори со Демократската унија за интеграција (ДУИ), изјави во средата коалицискиот лидер Изет Меџити.

„Не е тајна дека Таравари преговараше со Ахмети за разединување на коалицијата. Оценуваме дека неговата одлука не се темели на мислењето на членството ниту на анкетите, туку оди во корист на ДУИ“, рече Меџити на прес-конференција.

И покрај разидувањата, Меџити најави дека коалицијата ВРЕДИ ќе настапи со заеднички листи за советници и градоначалници на локалните избори. „Граѓаните и поддржувачите на Алијансата ги повикувам да се дистанцираат од политиката на Таравари и да останат со ВРЕДИ“, додаде тој.

Според него, Алијансата добила понуда за 35% учество во коалициските листи, но Таравари веќе имал постигнат договор со ДУИ. „Со тоа практично се самоисклучи“, рече Меџити.

Меџити обвини дека Таравари имал тајни средби со Али Ахмети и со олигарси, што претставува дел од, како што рече, двомесечна „операција“ за дестабилизација на коалицијата ВРЕДИ.

„Многу брзо јавноста ќе ги дознае сите детали за овој обид за разнебитување на коалицијата“, рече тој.

Тој најави дека ВРЕДИ ќе формира изборни штабови и ќе продолжи со подготовките за локалните избори без учество на Таравари. Според Меџити, постојат конкретни докази за тајните средби и договори со ДУИ, но не го спомена по име пратеникот и бизнисмен од ДУИ, Јаховски, сопственик на компанијата Пуцко Петрол.

Владините партнери внимателно ја следат ситуацијата во коалицијата ВРЕДИ, но засега се воздржани од коментари додека не биде донесена конечната одлука од страна на лидерите.

Одлуката на Таравари да настапи самостојно на локалните избори со посебни советнички листи отвори прашања за иднината на албанската коалиција. Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека тоа е внатрешно прашање на ВРЕДИ и додадоа дека „владината коалиција во моментов функционира нормално“.

Неофицијални извори во владејачкото мнозинство велат дека, независно од развојот на состојбите во ВРЕДИ, Алијансата на Таравари веројатно ќе остане дел од Владата.

Во меѓувреме, коалицискиот партнер ЗНАМ најави седници на највисоките партиски органи, на кои ќе се разговара не само за внатрешни прашања, туку и за состојбите во владината коалиција.

Коалициите ВРЕДИ и ЗНАМ веќе неколкупати јавно разменија критики, вклучително и околу укинувањето на балансерот за етничка застапеност во јавната администрација, употребата на албанското знаме во министерствата и иницијативата за формирање Албанска академија на науките и уметностите.

Related posts

Арачиново меѓу приоритетите и публицитетите

admin

Меџити: Административната работа не може да се прикаже како голем скандал

admin

И натаму молк од Софија за Костадинов

admin

Грција ги легализира истополовните бракови

admin

САД имаат активни 398 санкции против индивидуи, компании и организации од Западен Балкан

admin

БЕКТЕШИ НЕ ОЧЕКУВА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРВ И ВТОР БЛОК

ninja