11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

САД ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ВОВЕДУВААТ САНКЦИИ НА БАЛКАНОТ

САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, на настан за евроатлантската иднина на регионот во Атлантскиот совет во Вашингтон.

„Апсолутно. Тоа е важна алатка. Ефиктивна е. Мислам, не само што беше ефективно да се санкционираат поединци, туку ако погледнете дел од наративот што Министерството за финансии го објавува заедно со одлуката, ќе ја видите длабочината на корупцијата“, рече Ескобар.

Тој го нагласи примерот во Босна и Херцеговина, каде политичари активно координирале и соработувале со организирани криминални групи.

„И народот треба да го знае тоа. Штом луѓето го знаат тоа, лидерите треба да преземат акција да ги отстранат овие луѓе од одговорни позиции. Треба да ги тргнат тие луѓе од партиските списоци. И ова важи за сите држави во регионот“, рече тој.

Според Ескобар, корупцијата е закана за демократијата во регионот и оти мора да се изврши притисок врз лидерите да направат реформи за владеење на правото кои се потребни за влез во Европската Унија.

„Корупцијата е најголем проблем за регионот. Многу е јасно дека сите партии кои се најнационалистички партии во регионот се и најкорумпирани. И тоа е факт. И тоа не го кажува американската влада. Тоа се независните организации како `Транспаренси интернешнл` и некои од нашите европски граѓански организации кои постојано укажуваат на тоа, вклучувајќи и некои многу добри домашни граѓански организации“.

Ескобар додаде дека Северна Македонија ги направила сите неопходни реформи за да ја отвори првата врата кон ЕУ, и оти верува дека владата ќе има капацитет да го направи она што е потребно за да биде полноправна членка на Европа.

„Тие ќе бидат добар партнер, ќе бидат посветен партнер и ќе бидат такви што ќе обезбедат придобивки и за ЕУ“, рече тој.

Тој сепак нагласи дека процесот на пристапување треба да биде побрз, потенцирајќи ги внатрешните грижи во Унијата.

„Има гласачи кои навистина се грижат што би направило проширувањето за нив. И мислам дека тоа е работа за сите нас да ги убедиме дека Европската Унија ќе биде посилна и ќе биде попросперитетна со овие земји“.

Ескобар рече дека кризата во Украина само ја покажала зголемената итност за решевање на проблемите во регионот, како оние меѓу Србија и Косво, како и потребата да се забарзат процесите што ќе го придвижат регионот во вистинската насока.

И новата американска амбасадорка Анџела Прајс Агелер, во својот прв јавен настап по предавањето на акредитивите, рече дека нејзин врвен приоритет во државата ќе биде борбата против корупцијата.

„Да се обврземе сега, јавноста, политичарите, владините службеници, да ја отповикаме корупцијата и да бараме одговорност од корумпираните актери. Неказнивоста мора да заврши“, изјави Агелер./VOA

Related posts

Мицкоски за упадот во М-НАВ: Во нормална земја бандитите или ќе беа уапсени или ликвидирани

admin

Камала Харис: Наследството на Бајден во последните три години е неспоредливо во модерната историја

admin

Онкологот Пешевска доби условна казна, судењето продолжува за останатите обвинети во случајот „Онкологија“

admin

Села: Движењата на Таравари треба внимателно да се следат од Европскиот фронт

admin

Советот на ЕУ усвои препорака за постепен прекин на привремената заштита за украинските бегалци

admin

Европа ветува „цврста поддршка“ за Украина пред самитот Трамп–Путин

admin