12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сопственик на „Пин Петрол“ и две државни службенички под истрага за злоупотреба на 22 милиони денари

Сопственикот на техничкиот преглед „Пин Петрол“ од Куманово и две државни службенички се под истрага од страна на Финансиската полиција поради сомнение за злоупотреба на службената положба и проневера на над 22 милиони денари преку избегнување на законската обврска за уплата на патарина во корист на Јавното претпријатие за државни патишта.

Осомничените се соочуваат со кривични пријави за злоупотреба на службената положба, проневера и несовесно работење. Според Финансиската полиција, сопственикот на „Пин Петрол“ во период од пет години знаел дека средствата не се префрлуваат кон државата, но не презел никакви мерки.

Втората осомничена е Габриела Спасовска Крстевска, вработена во Македонска пошта и братучетка на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Истражителите посочуваат дека таа присвојувала средства преку лажни налози за уплата, земајќи пари од компании и граѓани за наводна уплата на патна такса.

Според договорот помеѓу „Пин Петрол“ и Македонска пошта, Крстевска била задолжена да ги пренасочи средствата на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта преку поштенската подружница, во согласност со договорите за соработка.

Компанијата „Пин Петрол“ ги негира наводите и одговорноста ја префрла на Македонска пошта. „Сите документи поврзани со нашето правно лице се доставени до надлежните институции, кои ни потврдија дека немаме никаква вмешаност во случајот“, се вели во официјалната изјава на компанијата.

Третата осомничена е службеничка од Јавното претпријатие за државни патишта, која, според Финансиската полиција, не ја извршила својата надзорна должност, дозволувајќи несогласувања меѓу приходите од техничкиот преглед и средствата уплатени на државната сметка.

Related posts

ЗОШТО САМОРЕГУЛАЦИЈАТА СТАНУВА ВАЖНА АЛАТКА ЗА ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ?

admin

Светот низ карикатури

admin

Дали сме на прагот на Третата светска војна?

admin

ИМА ЛИ РУСКИ ЗАЧИН ВО МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА ЧОРБА?

ninja

СОБРАНИЕТО ГО УКИНА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ПРЕД ДА СТАПИ НА СИЛА

ninja

Радев со порака до Силјановска-Дафкова: Променете ја реториката

admin