20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Фон дер Лајен: Западот каков што го познававме веќе не постои

“Европа останува мировен проект и во време на зголемени тензии со администрацијата на Доналд Трамп. Западот каков што го познававме веќе не постои“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во интервју за германскиот весник Цајт, фон дер Лајен вели дека САД сè уште се сојузник, но односот станал „комплициран“, при што Европа е принудена да бара нови партнери. Во контекст на трговската војна поттикната од високите царини што ги воведе Вашингтон, таа откри дека води разговори со Норвешка, Исланд, Канада, Нов Зеланд, Сингапур и Обединетите Арапски Емирати, но и со кинескиот премиер Ли Кјанг.

„Светот стана глобус и геополитички – денес нашите пријателства се протегаат низ целиот свет“, рече таа. Европа, според неа, повторно станува атрактивен партнер поради „предвидливоста и сигурноста“ што ги нуди.

Фон дер Лајен не го спомена Трамп по име, но алудираше на САД под негово водство како на земја што се оддалечува од мултилатерализмот и своите традиционални сојузи. Таа истакна дека „во Европа, нема олигарси кои ги диктираат правилата, не ги напаѓаме нашите соседи и не ги казнуваме“.

Во врска со трговските преговори, таа предупреди дека ЕУ може да воведе реципрочни мерки против американските производи и дигитални услуги, ако не се постигне договор.

„Ниту една компанија не сака да го изгуби пристапот до европскиот пазар со 450 милиони потрошувачи“, изјави таа.

На темата Кина, фон дер Лајен не ја исклучи можноста за поблиска соработка. Иако порано се залагаше за „намалување на ризиците“ во односите со Пекинг, сега зборува за „трансакциска“ надворешна политика.

Сепак, таа предупреди дека „империјалистичките амбиции“ на рускиот претседател Владимир Путин би можеле да резултираат со напад врз членка на НАТО или ЕУ до 2030 година.

„Украина храбро се брани со помош на своите пријатели“, рече фон дер Лајен. „Мора да покажеме истрајност – Путин сметаше дека поддршката ќе се распадне, но се случи спротивното.“

 

 

 

 

 

Related posts

НЕДОСТИГ НА КАТЕТРИ И ПРОТЕЗИ ПОРАДИ РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕУ

ninja

Тешко се крши мразот за остварување на еколошка правда

admin

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

admin

Дали Трамп има план за соборување на Зеленски?

admin

Шекеринска – првата жена од Западен Балкан на висока функција во НАТО

admin

Инфлацијата во САД се зголеми за 7,9 отсто во изминатата година, највисока во последните 40 години

ninja