21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Членството барало обединување на Таравари со Села

На Третиот Конгрес на Алијансата за Албанците (АА), одржан во Гостивар, дел од делегатите побараа иницирање на процес за обединување со Зијадин Села, оценувајќи го овој чекор како една од најдобрите и ретки можности за зајакнување на стабилноста и политичкото влијание на партијата, јавува Алмакос.

Претставниците кои го поддржаа предлогот сметаат дека евентуалното обединување би придонело за зголемување на кохезијата меѓу различните фракции во партијата, како и за создавање посилна албанска политичка платформа во Северна Македонија.

Според нив, иницијативата доаѓа во чувствителен политички момент, кога е потребно обединување на ставовите и формирање на поконкурентна политичка сила што ќе понуди конкретни решенија за прашањата што ги засегаат албанските граѓани, но и ќе има поголемо влијание врз политиките во земјата.

На Конгресот на Алијансата за Албанците во Гостивар беа усвоени неколку значајни одлуки, со кои, како што посочуваат партиски извори, се трасира насоката на политичкото делување во наредниот период.

Меѓу донесените решенија, „Исен Шабани и Арбен Халили беа именувани за нови членови на Партискиот совет“, соопштија од партијата, нагласувајќи ја потребата од освежување на раководните структури.

Исто така, партијата го избра д-р Идриз Орана за нов потпретседател, што, според делегатите, претставува обид за зајакнување на раководниот тим со искусни кадри.

Во контекст на актуелните случувања, Конгресот усвои Резолуција за трагедијата во Кочани, со која, како што велат од АА, се изразува солидарност и се бара институционална одговорност.

Понатаму, беше донесена одлука за организирање консултативни средби со сите партиски структури низ земјата, „со цел да се слушне нивниот став во пресрет на локалните избори“, наведоа извори блиски до партиското раководство.

Конечно, делегатите дадоа зелено светло Советот на партијата да продолжи со преговорите со коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека „дијалогот е клучен за изградба на силен опозициски фронт“.

 

 

Related posts

Грција размислува за строги мерки против С Македонија

admin

Балканот не е веќе атрактивна туристичка дестинација за Британија

admin

Суперјахта на Џеф Безос се закотви во Драч

admin

Мандатот на Ковачевски – економски пожари, закочена евро-интеграција и зголемена корупција

admin

Лидерски амбиции во СДСМ има, но сè уште се тактизира

admin

Санкциите на ЕУ до страотен резултат: Увозот на нафта од Русија падна за 90 отсто

admin