31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Премиерот Мицкоски очекува корекција на одлуката за царините од САД

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изрази очекување за корекција на одлуката на САД, со која минатата недела беа воведени царини од 33% за земјата. „Најверојатно е направена грешка. Работиме со нашите партнери и очекувам ова да се коригира“, изјави Мицкоски на прес-конференција.

Во текот на деновите, Мицкоски најави дека очекува „убави вести за македонските граѓани и економијата“. Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот изјави дека добрата вест сѐ уште не пристигнала, но дека се надева на корекции во однос на воведените американски царини.

„Работиме со нашите партнери во САД и очекувам многу скоро да се коригира ова што очигледно е резултат на грешка или погрешна информација, имајќи предвид дека лани нашата трговска размена со САД беше во дефицит“, изјави Мицкоски. Тој нагласи дека земјите кои се во трговски дефицит не се подложени на зголемување на царинските давачки.

Мицкоски додаде дека се прават споредби на податоците и дека е во контакт со американската амбасада, Министерството за економија и кабинетот на претседателот Трамп. Тој изрази надеж дека ситуацијата ќе биде решена во скоро време.

„Процесот е сензитивен, и поради тоа не можам да откривам детали додека не заврши“, рече премиерот.

На прашањето за ефектите од зголемените царини, Мицкоски смета дека примарните ефекти за Македонија ќе бидат минимални, но предупреди дека секундарните ефекти, како што се импликациите за земјите од ЕУ, можат да бидат значајни ако не се надминат пречките со САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 33% за Северна Македонија, 20% за земјите од ЕУ и 34% за Кина. На Балканот, Србија ќе има највисока царинска стапка од 37%, следена од БиХ со 35%, додека Албанија и Косово ќе имаат царина од 10%.

Иако Владата на Македонија смета дека одлуката на САД нема да има значителен импакт врз домашната економија, се подготвуваат планови за надминување на ситуацијата. Економските експерти укажуваат дека директните ефекти ќе бидат минимални, бидејќи само околу 1% од македонскиот извоз оди на американскиот пазар.

Related posts

ДУИ и ВЛЕН во судир за албанскиот јазик: Обвинувања за „предавство“ и „политичка манипулација“

admin

Меџити: Случајот Груби за политиката е затворен

admin

Мицкоски: Македонија меѓу првите три во Европа според мерките против ценовните шокови

admin

Поранешни пратеници на ДПА основаат нова политичка иницијатива „Арберија“

admin

Зеленски бара балканско оружје и поддршка на самитот во Албанија

admin

ВМРО-ДПМНЕ: И СДС и Димовски признаваат дека Мицкоски бил следен во изборни циклуси

admin