21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Села повикува на обединување на албанските партии и заеднички настап на изборите

Лидерот на Алијанса за Албанците (АА) и дел на коалицијата „Европски фронт“, Зијадин Села, изјави дека албанските политички партии треба да се обединат и заедно да извршат доволен притисок, со цел да се организираат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните.

„Нека ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме, заедно да направиме доволен притисок. Ајде и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните“, рече Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

На прашањето зошто е потребно обединување, Села одговори дека целта е создавање влада која нема да биде диктирана од партиски желби, туку ќе се фокусира на реализација на конкретни приоритети од интерес на Албанците.

„Целиме кон владеење кое ќе има за цел спроведување на шест, седум или осум приоритети значајни за Албанците, а не политички пазарења. Имаме јасни приоритети дефинирани во програмите, а сега се додаваат и нови. Треба да се договориме и за тоа како ќе се владее – дали идната влада ќе се формира со Бадентерово мнозинство?“, изјави Села.

Села ја коментираше и изјавата на Арбен Таравари, кој негираше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и рече дека имале само телефонски разговор. Според Села, тие имале 2-3 директни средби.

„Јас сум информиран дека имало средби. Не се само телефонски разговори, туку физички средби меѓу Ахмети и Таравари. Колку средби? Две или три“, рече Села. На прашање дали за тоа бил информиран од Ахмети, тој одговори: „Да, тој ми кажа“.

Во врска со состојбата во коалицијата ВЛЕН, по медиумските извештаи за можен раздор поради Таравари, Села изјави дека во „Европски фронт“ сè уште нема договор за заеднички настап на локалните избори.

„Постојат принципиелни насоки за заеднички настап како на парламентарните избори, но детален договор сè уште нема. Нема договор за распределба на општини или слично. Изборите се во октомври, до тогаш ќе има политички разврски. Коалицијата функционира додека постои договор“, рече Села.

Во кратка објава на Facebook, Арбен Таравари реагираше: „Јас имам само еден компас: народот! Тој е мојата совест, мојот глас, мојата сила!“

 

Related posts

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“

admin

ЕУ ПРЕД ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Балканот повторно станува „буре барут“

admin

Кој е Пригожин, “готвачот” кој тргна по главата на Путин?

admin

Република Српска го стопира одобрувањето за укинување на визниот режим меѓу Босна и Косово

admin

Ковачевски: Прифаќањето на уставните измени им дојде како шок, ВМРО-ДПМНЕ треба да остане во процесот

admin

Фетаи: Жал ми е што моите пријатели се „артанизираа“

admin