23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судскиот совет под притисок, Камбовски бара законски реформи наместо персонални

Суштински реформи во македонското судство се можни само преку промени на законите, нов пристап и кадровско зајакнување, а не преку оставки, изјави во вторникот претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

„Оставките не се реформи. Ако сакаме вистински промени, потребни се законски измени и системски пристап. Персоналните промени не гарантираат подобрување,“ рече Камбовски на конференцијата „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“.

Судскиот совет во последниот период се соочува со критики од јавноста и политички партии, кои бараат оставки од дел од членовите. Камбовски одговори дека телото веќе е делумно реформирано и дека половина од сегашните членови се нови.

„Така е замислен и Уставот – со постојана флуктуација на членството. Но вистинска реформа не е смена на лица, туку промена на системот,“ додаде тој.

Камбовски предупреди дека судството останува без финансиска автономија и се соочува со бирократски пречки.

„Судовите не ги добиваат планираните средства и не можеме да зборуваме за независност кога сме финансиски зависни од извршната власт,“ рече тој.

Тој исто така посочи дека околу 200 административни вработени во судовите останале без продолжување на договорите, поради недобиени согласности од Министерството за финансии.

Недостиг од кадар и средства

Иван Џолев, претседател на Здружението на судии, изјави дека правосудниот систем се соочува со сериозен недостиг од кадар и технички ресурси.

„Секоја година имаме сѐ поголем број предмети, а сѐ помал број судии и службеници. За ефикасно судство потребни се инвестиции, дигитализација и нови вработувања,“ изјави Џолев.

И Камбовски и Џолев апелираа до институциите за посветеност кон долгорочни реформи кои ќе обезбедат финансиска независност и поголема ефикасност на судството.

Related posts

Мицкоски до Софија: Нема веќе попуштања, заврши времето на предавства

admin

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за избори напролет

admin

Ахмети го поздравува Таравари, ВРЕДИ најавува чистка

admin

Мицкоски: Мојата стратегија успешно се реализира

admin

Израелски воздушни напади врз Иран: Загинаа високи официјални лица и научници, зголемена тензија во регионот

admin

СО СКЛАДИРАЊЕ НА СТРУЈАТА ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА „БУМОТ“ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

ninja