30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ бара предвремени избори, ВЛЕН изразува подготвеност

Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара одржување на предвремени парламентарни избори, повикувајќи ги албанските партии во власта да ја проверат поддршката од народот. Коалицијата ВЛЕН одговори дека прифаќа предвремени избори.

„ДУИ јавно им се обраќа на албанските партии во Владата со јасен повик: Ако не се плашите од волјата на народот, ајде на избори. Ако мислите дека народот се согласува губитнички партии да ги претставуваат Албанците – ајде на избори“, се наведува во соопштението на партијата.

ДУИ оцени дека секој кој е сигурен во исправноста на својата патека не треба да се плаши од избори.

„ДУИ не се плаши од народот. Го слушаме, го почитуваме и му веруваме. Ако и вие го правите истото – ајде на избори. Ние сме подготвени!“, се додава во соопштението.

ВЛЕН првично обвини дека повикот на ДУИ има за цел да ја прикрие, како што наведоа, нивната криминална прошлост, но подоцна соопшти дека прифаќа излез на предвремени избори.

„Ако мислите дека треба да нѐ претставуваат тие што со нашите пари го купија трговскиот центар Сорава – ајде на избори. Ако мислите дека треба да нѐ претставуваат тие што нѐ труеја со канцероген мазут – ајде на избори. Ако мислите дека треба да нѐ претставуваат тие што ги спасија Груевски и Мијалков од затвор – ајде на избори“, соопшти ВЛЕН.

Коалицијата додаде дека нема страв од народната волја и дека граѓаните бараат одговорност за, како што наведоа, криминалците.

Во меѓувреме, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, на состанок со партиските структури во Гостивар, ги истакна достигнувањата на коалицијата ВЛЕН како дел од владата, нагласувајќи дека за само седум до осум месеци е постигнато повеќе за Албанците отколку за две децении власт на ДУИ.

„За помалку од една година направивме политичка револуција: ја обединивме опозицијата, донесовме промена и за седум месеци испративме во опозиција субјект што владееше две децении,“ изјави Меџити, додавајќи дека целта не била само соборување на ДУИ, туку и реализација на политичката платформа на ВЛЕН.

 

 

Related posts

Додека Кремљ води војна, климата ја удира Русија: рекордни бури и инфраструктурен колапс

admin

Што има внатре во нуклеарната топка на претседателот

admin

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди по заминувањето на Таравари

admin

Михаел Рот ги коментира измените на Кривичниот законик: Без борба против корупцијата нема ЕУ

admin

Протестот во Тирана за командантите на ОВК ја разгори расправата меѓу Рама и Курти

admin

СО СКЛАДИРАЊЕ НА СТРУЈАТА ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА „БУМОТ“ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

ninja