21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Касами: ВЛЕН останува силен и без Таравари

Коалицијата ВЛЕН ќе остане силна дури и без учеството на Арбен Таравари, изјави лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во интервју за Радио Слободна Европа.

„Најголем губитник ќе биде тој што ќе излезе од коалицијата. Народната поговорка вели – ‘тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот’“, изјави Касами, реагирајќи на можноста Таравари да ја напушти коалицијата поради несогласувања за нејзиното функционирање.

Касами изјави дека, и покрај внатрешните тензии, останува оптимист дека ВЛЕН ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Тој додаде дека ниту еден поединечен член не може да ја загрози стабилноста на коалицијата.

„Ние се обидовме и порано поединечно да го победиме ДУИ, но успеавме само кога бевме заедно. Токму затоа, верувам дека нашата заедничка цел и понатаму е актуелна – спротивставување на 20-годишното коруптивно владеење на ДУИ,“ рече Касами.

На прашањето за потенцијалната соработка со ДУИ, Касами беше дециден: „ДУИ треба длабоко да се реформира пред да може да се размислува за каква било комуникација.“

Според него, недоаѓањето на Таравари на последната координациска средба на ВЛЕН покажува „неразумен политички сигнал“, а објаснувањето дека коалицијата не стои добро кај албанските гласачи не е поткрепено со факти.

Касами, исто така, ги отфрли наводите дека распоредот на локалните функции бил спорна точка. „Ние понудивме пет сигурни пратенички места и отвореност за соработка на локалните избори. Но инсистирањето на Таравари да настапи посебно оди во прилог на ДУИ“, рече тој.

Во однос на иницијативата за преименување на улиците во Тетово, Касами рече дека се работи за „практична и законска потреба“, бидејќи само околу 30% од урбаниот дел на градот има уредена адресна структура. Тој најави дека процесот ќе биде завршен со најширок општествен консензус пред октомвриските избори.

Запрашан за статусот на ДУП-от за населбата Шик Јелак и за потенцијалните обиди за притисоци од контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, Касами рече дека комуникацијата со него престанала по ставањето на американската црна листа.

„Понудивме похумано решение за просторот, со повеќе јавни содржини, но од другата страна немаше реакција. По санкциите, сите комуникации се прекинати,“ изјави Касами, додавајќи дека Владата и Општината сега работат на нов урбанистички план што предвидува јавни институции и зелени површини.

 

 

Related posts

ЕВРОЗОНАТА ПРЕД ЗИМСКА РЕЦЕСИЈА

ninja

Рубио со помирлив тон кон Европа, но ја задржа тврдата линија на администрацијата на Трамп

admin

Филипче потпишал спорен анекс за модуларни болници по трагедијата во Тетово, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

admin

Мицкоски: Институциите остануваат ангажирани околу трагедијата во „Пулс“, одлуката за анкетна комисија е на пратениците

admin

Нови детали за драмата во авионот на „Рајанер“: Крварел и неколкупати ја губел свеста

admin

БИРН: Српски врски и во други македонски компании за канабис

admin