19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Почина Александар Карадаковски, најтешко повредениот во пожарот во дискотеката „Пулс“

Александар Карадаковски, 29-годишниот пациент кој беше тешко повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, почина во болница во Литванија, соопштија здравствени власти.

Карадаковски беше хоспитализиран со тешки изгореници на главата, вратот и екстремитетите, при што бил интубиран поради оштетени дишни патишта. Вкупната површина на изгорениците изнесувала 36%, со длабочина од втор и трет степен, изјави Небојша Настов, директор на болницата „Св. Наум Охридски“.

„До влошување на состојбата дојде во текот на истиот ден. Пациентот беше ставен на механичка вентилација поради оштетувања на дишното стебло предизвикани од вдишување чад и пламен. Тоа доведе до тешка респираторна слабост и на крај – смрт“, рече Настов.

Пациентот бил пренесен со медицински авион во Литванија на 17 март, два дена по несреќата.

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека инфекциите предизвикани од длабоките рани дополнително ја комплицирале состојбата.

„На 1 април му откажаа бубрезите и беше ставен на дијализа. Температурата и инфекциите беа сериозен предизвик“, рече Таравари.

Карадаковски беше осомничен како формален управител на компанијата „ММММ Кафе ДООЕЛ“, под која функционирала дискотеката. Обвинителството ја прекина постапката поради неговата смрт.

Related posts

Битката против криминалот зема замав

admin

Ирански хакери закануваат со ракетни напади врз Албанија

admin

Камери што казнуваат без милост: „Safe City“ стартува со автоматски казни низ Македонија

admin

ДУИ: Мицкоски нема капацитет да води мултиетничка држава

admin

Зеленски напорно го продава својот „план за победа“ во САД

admin

Од Грција директно во ред за казна: странските туристи заглавија на Табановце

admin