17.2 C
Скопје
4 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Се шират истрагите за „Пулс“: Ослободени ексдиректори на инспекторат, мерки за претпазливост за нови осомничени

Судот во Кочани ги ослободи од куќен притвор поранешните директори на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски и Анета Симеска-Димоска, кои остануваат без патни исправи како дел од мерките на претпазливост во истрагата за смртта на 62 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Јавното обвинителство од Кочани соопшти дека побарало замена на куќниот притвор со поблаги мерки, имајќи предвид фазата на предистражната постапка и проценката за ризик од бегство или влијание врз сведоци. Истрагата ги сомничи Трајковски и Симеска-Димоска дека овозможиле работење на дискотеката без исполнети технички и безбедносни услови.

Трајковски по одлуката објави порака на „Фејсбук“, во која повика на духовна обновa и солидарност, велејќи: „Со добри дела и чиста намера се гради држава“.

Обвинителството информираше дека мерки на претпазливост се побарани и за уште едно лице од првата група осомничени кое досега било на болничко лекување. Станува збор за синот на сопственикот на дискотеката, кој е исто така осомничен.

Во притвор останува поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Неговите претходници во Министерството, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се во куќен притвор, додека поранешниот амбасадор и министер Дритон Кучи е под мерки на претпазливост.

 

Меѓу осомничените се и тројца поранешни градоначалници на Кочани – Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илиев – кои остануваат во куќен притвор.

 

Досега, Обвинителството има идентификувано 59 осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ од 30 март, вклучувајќи 14 полициски службеници кои се предмет на посебна постапка под надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

 

Семејствата на жртвите за утре најавија трет протестен марш под мотото „Задоцнета реакција“, со цел да побараат правда за, како што велат, најголемата цивилна трагедија во поновата македонска историја.

 

Related posts

РУСКИ ВОЈНИЦИ ЗА BBC: Команданти наредувале егзекуции на сопствени војници кои одбивале наредби

admin

ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИЛМА РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

ninja

Ахмед Ќазими: Владата оваа година издвои двојно повеќе средства за наука

admin

Меџити до Костадиновски: Ако сакаш политика, остави го Уставниот суд

admin

Западни служби следат танкери поврзани со руски енергенси во Грција

admin

„Катимерини“: Старите поделби повторно создаваат тензии во Северна Македонија

admin