23.2 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Арсовска разоткри 150 дивоградби во Чаир – директни обвинувања кон Ганиу!

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го обвини градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, за прикривање на незаконски градби и организирање на активности кои, според неа, имаат за цел саботажа на работата на градските служби. Во јавна објава на социјалните мрежи, Арсовска истакна дека располага со докази за над 150 случаи на дивоградби на територијата на Чаир, кои, како што вели, се изградени по 2011 година, но се пријавени како постари објекти со цел да се легализираат.

„Институционално се документирани и вратени со официјални забелешки сите пријави поднесени од општината за легализација, во кои стои дека најспорно е тврдењето оти објектите се изградени пред 2011 година, што не е точно“, рече Арсовска.

Таа додаде дека не се повлекува од намерите да ги обелодени сите случаи на, како што ги нарече, „криминални зделки“ поврзани со урбанизмот во Чаир. Објавата следи по, како што таа тврди, низа закани и притисоци што ги добивала во изминатиот период.

Арсовска, меѓу другото, обвини дека еден камион користен за илегално одлагање на градежен и кабаст отпад во и околу контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“ бил конфискуван од страна на Министерството за внатрешни работи и инспекциските служби. Според неа, Општина Чаир ѝ должи околу седум милиони денари на ова јавно претпријатие.

Во своето обраќање, Арсовска најави и можен протест на граѓаните кои, како што рече, платиле за станови во дивоградби што никогаш нема да бидат легализирани. „Ќе ги повикам сите кои сте им земале пари за станови во небезбедни дивоградби да дојдат пред Општина Чаир и да си ги побараат парите назад“, напиша таа.

Таа порача дека ќе ги достави сите докази до надлежните институции и дека, како што рече, „никој не е над законот“.

 

 

.

 

 

Related posts

7.500 државни возила ќе возат со црвени таблички – но без казни за институциите што нема да ја исполнат обврската

admin

Републиканците бараат оставка од Бајден

admin

Амнестија и амнезија: Зошто нема нов објект во Идризово?

admin

Шок на пазарите: Војната со Иран може да трае подолго, нафтата скока, берзите паѓаат

admin

ЕУ им забрани лични телефони на европратениците пред патување во Кина

admin

ДУИ: Јавното обвинителство е претворено во алатка на власта, случаите во Кочани и Чаир се доказ за контролирано правосудство

admin