29.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Изат Меџити остро го критикува повлекувањето на Таравари: „Не ја донесе промената, туку ја предаде“

Лидерот на Демократско движење и коалициски партнер во рамки на ВЛЕН, Изат Меџити, упати сериозни обвинувања на сметка на Арбен Таравари, откако овој денеска објави дека фракцијата на Алијансата за Албанците ја напушта Владата и преминува во опозиција.

Во својата реакција, објавена на социјалните мрежи, Меџити го обвини Таравари дека не ја донел промената што ја ветил, туку напротив, ја спречил. Според него, Таравари не се враќа кај народот, како што тврди, туку, како што пишува Меџити, „се враќа на црната листа“.

„Ти не ја донесе промената. Ти ја спречи промената.

Ти не се враќаш кај народот. Ти се враќаш кај црната листа.

Ти не ја напушташ Владата. Ти ја предаде Владата.

Ти не го претставуваш духот на членството на Алијансата за Албанците. Ти го излажа тоа членство.

Ти не си херојот на оваа приказна. Ти си разочарување – за секој Албанец, интелектуалец или неписмен, работник или стопанственик, маж или жена – ти си разочарување за секој активист и симпатизер кој гласаше и ја поддржа промената“, стои во неговата објава.

Меџити ја искористи приликата да ја потенцира посветеноста на коалицијата ВЛЕН кон ветената политичка трансформација. Тој ги повика сите членови и гласачи на Алијансата за Албанците кои се чувствуваат „излажани, предадени и оставени на половина пат“, да се приклучат на ВЛЕН, кој според него останува „политичкиот компас на промената“.

„ВЛЕН продолжува по патот на промена. Со широко отворени раце ги покануваме и ги пречекуваме сите активисти, симпатизери и гласачи кои се чувствуваат излажани, предадени и изгубени во оваа ситуација. Политичкиот компас на промената е ВЛЕН. Дојдете со нас“, повика Меџити.

Оваа изјава следува во контекст на најавата на Арбен Таравари дека неговото крило на Алијансата за Албанците ќе ја напушти Владата, посочувајќи на неисполнети ветувања и, како што рече, недоверба и сомнежи меѓу коалициските партнери.

 

 

 

 

Related posts

Косово: Производите од Северна Македонија ги заменуваат српските

admin

ИНФОГРАФИК Мажите најкратко живеат, годините на КОВИД-19 со поголем број на умрени

admin

ПРВИОТ ЧОВЕК НА МАНУ ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Албанија: Социјалистите освојуваат четврти мандат – опозицијата во слободен пад!

admin

Американски воен бил нападнат со беспилотни летала од Јемен

admin

Фетаи до Ахмети: „Јас не сум ничиј слуга – тој епитет задржи го за себе“

admin