20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски до полицајците: Нема компромис со криминалот, законот важи за сите

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во пораката по повод Денот на македонската полиција изјави дека „во државата нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност“, додавајќи дека законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика дали станува збор за граѓани, функционери или бизнисмени.

„Се сеќаваме и не смееме да заборавиме како изгледаше секојдневието пред неколку години – криминалците слободно се шетаа, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој нагласи дека борбата против криминалот мора да се води со целосна посветеност, „со вистински партнери и со чисти раце“, и порача дека владата, институциите и општеството се решителни да стават крај на неказнивоста.

„Вашата мисија е света – да чувате поредок, но и да ја вратите довербата кај народот“, им порача Мицкоски на припадниците на полицијата.

Премиерот им го честиташе Денот на македонската полиција, порачувајќи дека неправдата нема простор пред „чесната, решителна и модерна полиција“.

 

Related posts

Пукање во фабриката на Мерцедес, 2 убиени

admin

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

По бунтот на Вагнер, Кремљ во офанзива за одбрана на имиџот на Путин

admin

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

Шолц се подготвува за ретка средба со Вучиќ, целта – финализирање на договорот за литиум

admin

2024 – Тешка економска година

admin