33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нова фракција во АА, Фетаи кај Курти: Продолжуваме со идеалот

Високиот функционер на Алијанса за Албанците и заменик-премиер за добро владеење, Арбен Фетаи, веќе предводи нова фракција внатре во партијата, лоја не е подготвена да го следи лидерот Арбен Таравари во неговата одлука за напуштање на ВЛЕН и Владата, велат за Инбокс7 партиски извори.

Фетаи, во придружба на неколку членови на партијата, отпатувал во Приштина, каде што се сретнал со премиерот на Косово, Албин Курти.

Фетаи, кој во јавноста важеше за близок до  Таравари, со оваа посета јавно ја демонстрира поддршката за коалицијата ВЛЕН и за политичката соработка со движењето Самоопределување на Курти.

„На разденување, заедно со неколку пријатели од идеалот во Алијансата за Албанците, тргнавме кон Приштина, по автопатот ‘Арбен Џафери’ – пат што за нас не е само инфраструктура, туку симбол на духовната и националната поврзаност“, напиша Фетаи на Фејсбук.

„Во Приштина остваривме братски разговор со нашиот пријател Албин Курти. Она што денес не обединува, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеалот за напредок и развој – идеал кој не познава граници ниту пречки“, додаде тој.

Фетаи не соопшти дали ќе остане активен во рамки на Алијансата за Албанците, но неговата порака се толкува како отворено несогласување со курсот на лидерот Таравари, кој најави можна соработка со ДУИ надвор од коалицијата ВЛЕН.

Непотврдени извори велат дека Фетаи ќе се обиде да ја претставува АА во влен со двајца пратеници, а зад него стојат и други клучни фигури кои до скоро беа блиски соработка на Таравари.

Во делегацијата со Фетаи на средбата со Курти бил и поранешниот министер за информатичко општество Азир Алиу, кој се сметаше близок соработник на Таравари. Тој соопшти дека останува дел од коалицијата ВЛЕН и актуелната влада, истакнувајќи дека „промената не се напушта при првиот отпор“.

Во објава на Фејсбук, Алиу изрази почит кон политичките одлуки на партискиот лидер, но нагласи дека чувствува должност да остане во процесот што, како што вели, започнал заедно со другите членови на ВЛЕН.

„Оваа Влада за првпат сериозно ги отвори институциите, почна системски да се справува со проблемите, отпочна пресметка со корупцијата и криминалот и го подигна гласот против заробената држава и познатите корумпирани структури во ДУИ“, напиша Алиу.

Тој предупреди дека излегувањето од коалицијата во овој момент, без јасен план, може да доведе до „индиректно рехабилитирање“ на стари структури и наративи кои, според него, не нудат иднина.

„Верувам дека секој млад Албанец и интелектуалец заслужува политичка алтернатива – авангарда што нуди поинаква иднина, победа за надежта и за вредностите, а не за минатото и хаосот“, истакна Алиу.

Тој додаде дека останува „рамен со тие што продолжуваат да се соочуваат со предизвиците“, оценувајќи дека сега повеќе од кога било е потребно обединување, а не поделби кои му одат во прилог на статус-квото.

Инаку, Курти се смета за кум на коалицијата ВЛЕН и неговиот авторитет е клучен за одржување на оваа групација заедно, со тенденција да прерасне во една политичка партија.

 

Related posts

За учебници нема време, за лекција до родителите – има!

admin

Антикорупциска се прогласи за ненадлежна: Прекината постапката за шефот на АНБ, Христовски

admin

Анализа на РСЕ: Ние НЕ сме Европа

admin

Дуално стручното образование го зголемува вработувањето на младите

admin

Таравари бара оставка од Ахмети, ДУИ ја обвинува опозицијата

admin

Бројни нерешени афери во здравството среде скандалот на онкологија

admin