12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Урсула фон дер Лајен: Присуството на ЕПЗ во Тирана е моќен симбол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа пристигна во Тирана каде што ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), што за првпат се одржува во Западен Балкан, со учество на лидери од 47 европски земји.

„Присуството на ЕПЗ во Тирана е моќен симбол. Нашето европско семејство на вредности се протега далеку надвор од границите на ЕУ. Го делиме истиот континент и заедничка иднина“, напиша фон дер Лајен на мрежата Икс, објавувајќи заедничка фотографија со лидерите на регионот, меѓу кои и претседателот на Албанија Бајрам Бегај, премиерот Еди Рама, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Косово Вјоса Османи, претседателот на Србија Александар Вучиќ и на Северна Македонија  Христијан Мицкоски..


Под мотото „Нова Европа во нов свет“, шестиот самит на ЕПЗ започна денеска со пленарни сесии и тематски тркалезни маси. Во фокусот се четири теми: безбедност и демократска стабилност, економска конкурентост, миграција и млади, како и визија и нови форми на европско дејствување.

Албанскиот премиер Еди Рама ќе одржи билатерални средби со дел од учесниците, меѓу кои и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, шпанскиот премиер Педро Санчез, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, кнезот на Монако Алберт II, австрискиот канцелар Кристијан Штокер, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, италијанската премиерка Џорџа Мелони и други.

Работниот дел на самитот го придружуваат културни настани и церемонии, а централниот простор е лоциран на плоштадот „Скендербег“, каде што е подигната „Куќата на Европа“ – павилјон украсен со цртежи на деца од Албанија.

„Со Куќата на Европа, во која денес се собра цела Европа, очите на светот се вперени кон Тирана“, напиша премиерот Рама на социјалните мрежи.

Самитот е дел од пошироките напори за зајакнување на политичкиот дијалог меѓу земјите од ЕУ и партнерите од континентот, во време на геополитички предизвици. Улогата на Албанија како домаќин ја нагласува нејзината евроинтегративна ориентација и позицијата како конструктивен фактор во регионалната стабилност.

 

 

Related posts

Договорот Атина–Софија може да стане модел и за мермерите од Партенон

admin

ШОК БОМБА ФРЛЕНА ВРЗ ПАТРОЛА НА ЕУЛЕКС НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

ninja

ЕУ-интеграција: Малку напред кон 2030, малку назад кон 2018

admin

Сарацин во Скопје – продолжува дипломатската офанзива

admin

ВЛЕН прашува: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

admin

Универзитет без граници или без иднина? Реформите што доцнат

admin