6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ќе седне на последно кафе со Таравари: Решен е да се врати кај ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, е решен да се врати во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ), партија која, според него, „дваесет години ја пустошеше државата“.

„Следната недела ќе имаме последно кафе со Таравари. Тој е решен да се врати во прегратките на Ахмети. Владата е стабилна и останува посветена на реформите“, изјави Мицкоски во неделата.

Тој додаде дека верува оти оваа одлука не ја поддржува целото членство на Алијансата за Албанците и ја оцени како „теснопартиска“.

„Чесно ќе беше самиот да го соопшти тоа, без да ја вовлекува Владата и граѓаните во неизвесност“, рече премиерот, алудирајќи на, како што рече, јасните знаци за политичко приближување на Таравари кон ДУИ.

Таравари, пак, во изјава за медиумите рече дека Алијансата за Албанците размислува за повлекување од Владата и враќање во опозиција, но посочи дека партиските органи сè уште не донеле конечна одлука.

„Гледам дека се врши притисок врз премиерот Алијансата да ја напушти Владата. Тоа за нас не претставува проблем. Кога и да сме излегле од влада, сме се вратиле посилни“, изјави Таравари, додавајќи дека фокусот на партијата се претстојните локални избори.

Мицкоски и Таравари имаа средба на 5 мај, по внатрешните тензии во коалицијата „Вреди“ и шпекулациите за можното приближување на Таравари кон ДУИ.

 

Related posts

Зошто постат муслиманите?

admin

ВМРО-ДПМНЕ ПОЧНУВА АКЦИЈА „ЗАЕДНО СО НАРОДОТ“

ninja

Уште неизбрано, новото раководство на СДСМ го чека „ѓаволски тешка“ работа

admin

Тајна ќелија во Скопје: Полицијата спречи одмазднички план со оружје и бомби

admin

Вашингтон гради нов безбедносен сојуз за клучниот нафтен коридор

admin

САД ги обновија разговорите со Саудиска Арабија за пренос на нуклеарна технологија

admin