34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Од понеделник – тајните што никој не сака да ги открие, Арсовска најавува бомби!

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави дека од понеделник ќе започне објавување фељтон со, како што наведе, документирани случаи на спречени незаконски дејствија и криминал, за кои институциите сè уште не презеле активности.

„Во изминатите три години, спречивме повеќе од 150 обиди за нелегални легализации на дивоградби“, соопшти Арсовска преку објава на социјалните мрежи.

Таа додаде дека биле спречени и обиди за поставување асфалтни бази во населени места, како и дека биле поднесени кривични пријави против цементарницата УСЈЕ и други големи загадувачи, за кои, според неа, „другите молчат, а ние секојдневно се соочуваме со закани“.

Арсовска исто така наведе дека од Градот биле отстранети компании кои, како што рече, работеле во интерес на политички партии, и дека биле преземени мерки против корупцијата.

„За да нема место за празна реторика, ќе покажеме дека Градот постапувал веднаш, додека други продолжуваат по старо“, изјави Арсовска.

 

 

 

Related posts

123 години од востанието, 82 од АСНОМ: Македонија го одбележува Денот на Републиката

admin

Кина покажува сила: Си Џинпинг го пречекува „стариот пријател“ Путин

admin

Антииалбански скандирања во Куманово: Реагираат партиите на Албанците

admin

Даути на средба со Пендаровски: Заедно да поттикнеме економски развој

admin

ВРЕМЕТО КАКО ЛЕК ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

admin

Кос: Нема гаранции дека нема да има нови блокади за Северна Македонија дури и по уставните измени

admin