7.8 C
Скопје
9 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ковачев остро до Скопје: Не ни треба медијација – спроведете го договорот што самите го прифативте!

Европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев оцени дека барањата за медијација во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се „целосно непотребни“ и ја повика владата во Скопје да го почитува веќе постоечкиот Договор за добрососедство од 2017 година.

„Следам со ‘интерес’ изјави за наводна потреба од медијација. Не ни треба такво нешто – имаме договор. Обврска на двете влади е да се среќаваат секоја година и да усвојуваат заеднички протоколи. Од 2017 досега, тоа се случило само двапати“, изјави Ковачев во интервју за Радио „Фокус“.

Тој остро реагираше на дипломатските обиди од македонска страна за вклучување посредници, кои ги изнесе шефот на македонската држава, Гордана Сиљановска-Давкова. Таа обелодени дека Австрија е спремна да посредува помеѓу Скопје и Софија:

„Граѓаните на Северна Македонија залудно го губат времето. Имаме договор и рамка – не ни треба никој да нè мири.“, вели  Ковачев.

Ковачев нагласи дека напредокот на Северна Македонија кон ЕУ останува условен со уставни измени и впишување на Бугарите во Уставот, како што беше договорено со заклучоците на Советот на ЕУ од 2022 година.

„Во новиот извештај на Европскиот парламент ќе се нагласи дека интеграцијата на Северна Македонија е возможна само врз основа на тие одлуки – усвоени од сите 27 земји членки и прифатени од самата РСМ“, рече тој.

Ковачев додаде дека Софија внимателно го следи судскиот процес против претседателот на бугарскиот културен клуб во Битола, Љупчо Георгиевски, оценувајќи го како клучен тест за владеењето на правото и заштитата на човековите права во земјата.

 

 

Related posts

Косово: Изолиран инцидент или ладни проби за жежок конфликт?

admin

Речиси 14 години цела плата за стан во Скопје, во Тирана е уште потешко

admin

Центристичката партија D66 победува на изборите во Холандија, поразувајќи го крајнодесничарот Вилдерс

admin

Светска банка: Македонија може да заглави на 55 отсто од доходот на ЕУ до 2050

admin

Протести во малите места во Србија: Поддршка за студентите и ослободување од стравот

admin

СДСМ против укинување на техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за политичка паника

admin