20.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари без средба со Мицкоски, владата очекува оставки од министрите на Алијанса

Премиерот Христијан Мицкоски нема да се сретне со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој најави напуштање на владината коалиција, соопштија од Владата за телевизија Алфа.

Не е предвидено да има состанок помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари. Од министрите кои беа дел од Алијанса за Албанците се очекува сами да си поднесат оставки. За ротација на ресори не е отворена дискусија,“ изјавија од Владата.

Таравари најави заминување од Владата, наведувајќи маргинализација на Албанците и застој во ЕУ-интеграциите како главни причини. И покрај тоа, тој остави простор за соработка со сите партии, вклучително и со ДУИ, партијата со која досега беше во остра политичка конфронтација.

Во моментот немаме соработка со ДУИ, но поради демографската структура на општините, нормално е да се отворат комуникации со опозициски партии,“ изјави Таравари.

Неговата одлука предизвика критики од поранешните партнери во коалицијата „Вреди“. Вицепремиерот Изет Меџити го обвини Таравари за предавство.

Не се враќаш кај народот, туку кон црната листа. Не ја напушташ Владата, туку ја предаде,“ рече Меџити.

Критики стигнаа и од лидерот на Беса, Биљал Касами, кој најави можни трансфери на пратеници во следните денови и не ја исклучи можноста за министерски рокади со ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека заминувањето на Таравари ќе биде тема на извршниот комитет на партијата. Од таму негираат дека постојат разговори за реконструкција на Владата.

Таравари никогаш не разговарал за клучни прашања како јазичниот закон, балансерот или ЕУ интеграциите. Но, покажа интерес за концесионерот на Клиничкиот центар, бидејќи беше отстранет од процесот,“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај повлекувањето на Таравари, Владата уверува дека парламентарното мнозинство останува стабилно. Сепак, доколку сите пет пратеници од Алијансата ја напуштат коалицијата, може да се загуби т.н. Бадентерово мнозинство. Според најавите, тоа би се надоместило со поддршка од пратеници на Европскиот фронт.

Related posts

Турција гласа на клучни избори

admin

Беран Алији по потекло од Северна Македонија е првоосомичен за планираните терористички напади на концертите на Тејлор Свифт

admin

ВЛЕН: Апасиев го потврди коалицискиот сојуз со ДУИ и Арсовска, на штета на жителите на Чаир и Сарај

admin

ОН ќе гласа за резолуција за Ормускиот Теснец, Трамп со нови закани кон Иран

admin

Германска поддршка за европското досие на Северна Македонија

ninja

Можно повлекување на американските трупи од Косово по потенцијален договор Путин-Трамп за Украина

admin