23.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари ја напушта Владата: „Не сакаме да бидеме кукли, се враќаме посилни!“

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, објави дека партијата излегува од Владата на Северна Македонија, наведувајќи дека коалициските партнери не ги исполниле ветувањата кон Албанците.

„Крисијата на Алијансата вечерва одлучи – ја напуштаме Владата“, изјави Таравари на прес-конференција, алудирајќи на, како што рече, системско маргинализирање на Албанците и отсуство на реална поддршка за ветените реформи.

Клучна причина за напуштањето е, според него, неисполнетото ветување за донесување на Законот за правична застапеност, кој требаше да го замени контроверзниот „балансер“. „Ветуваа закон во ноември. Се уште го нема. Тоа зборува доволно“, рече Таравари.

Тој додаде дека Владата „ја изгуби насоката кон ЕУ“ и дека нема капацитет да ги испорача промените што ги очекуваат Албанците. „Во администрацијата има крајно маргинализирање на Албанците. Не сакаме да бидеме кукли во Влада во која нашите интереси не се слушаат“, истакна тој.

Таравари најави дека Алијансата ќе се фокусира на претстојните локални избори во октомври, уверувајќи дека партијата ќе постигне „голема победа“. За можни коалиции рече дека ќе биде отворен за разговори со сите партии.

Во врска со отсуството на пратеникот Салим Сулејмани и заменик-премиерот Арбен Фетаи, тој наведе дека причините се приватни и службени ангажмани надвор од земјата.

Во однос на можните предвремени парламентарни избори, Таравари рече дека одлуката е кај ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите трчаат да влезат во Владата, а ние сме навикнати да излегуваме кога треба. Се повлекуваме за да се вратиме посилни – најпрвин во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, заклучи Таравари.

 

 

 

Related posts

Јануарските сметки на ЕВН ги изненадија граѓаните

admin

ПОЛОЖАНИ: ПОТРЕБЕН Е ШИРОК КОНСЕНЗУС ЗА ДЛАБОКИ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

admin

Хаос во Вашингтон, олеснување во Варшава: Трамп испраќа 5.000 војници во Полска

admin

Меџити и Касами слават: 200 милиони евра за автопатот што ќе ги спои Скопје и Приштина

admin

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за „лажни ветувања“ кон младите

admin

Малеска: Се „печалат“ гласови со антиевропска реторика

admin