26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ШОК ИЗЈАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Таравари се интересирал само за бизнисите на Заев и Груби!

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска, на прес-конференција, остро го критикуваше однесувањето на Арбен Таравари и најновите случувања во Владата, по одлуката на едното крило од Алијанса за Албанците да го напушти владиното мнозинство.

Манасиевски изјави дека Таравари не покажал интерес за клучни државни прашања, туку фокусот му бил насочен кон, како што рече, „лични и бизнис интереси поврзани со Зоран Заев и Артан Груби“.

Вечерва ќе се одржи редовна седница на Извршниот комитет на која ќе се разговара и за ова прашање,“ рече Манасиевски, отфрлајќи шпекулации за какви било договори околу поделба на министерства или ресори, особено во контекст на Министерството за здравство.

Тој додаде дека според информации од членови на Владата, Таравари навистина присуствувал на повеќе состаноци, но на истите, никогаш не се заложил за прашања како Законот за јазици, унапредување на балансерот, ниту пак за европската интеграција, која, според Манасиевски, е блокирана поради спорот со Бугарија.

Она за што вистински се интересирал е концесионерот на паркинзите на Клиничкиот центар – Ѓока – од кој, очигледно, бил исфрлен од игра. Се интересирал и за господата Груби и Заев, и за нивните бизниси поврзани со ДУИ,“ изјави Манасиевски.

Тој заклучи дека е „неспоиво некој да биде дел од Владата, а да седи во прегратките на криминалот на СДС и ДУИ“, повикувајќи на отчетност и интегритет во институциите.

Related posts

Иран заплени танкер со нафта, провокација кон САД

admin

Стармер не коментира дали американските удари врз Венецуела го прекршиле меѓународното право

admin

Убиен новинар пред неговиот дом

admin

Секс и шпионажа: Русинка призна вина во афера со ФСБ и ФБИ, се соочува со затвор во САД

admin

Општина Тетово: Нема продажба на јавен паркинг, тврдењата се „намерни дезинформации“

admin

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – маршеви и протести во знак на сеќавање

admin